fbpx
Таг: Куба

таг: Куба

Кери пристигна на Куба

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Хавана каде ќе го подигне знамето во новоотворената американска амбасада во Хавана, симната пред 54 години. Тој е прв американски државен секретар кој ја посети Куба по 70 години. Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кубански колега Раул Кастро објавија на 17 декември дека повторно воспоставуваат дипломатски односи. Обама рече дека ќе го...

Кери подигна знаме на обновената амбасада во Хавана

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во посета на Куба, каде повторно го подигна американското знаме на новоотвoрената амбасада во Хавана, кое беше симнато пред 54 години. За време на посетата, предвидено е Кери да разговара со кубанскиот министер за надворешени работи, римокатоличкиот бискуп на Куба и со избрана група дисиденти. По заминувањето на Кери, дипломатите што преговараа за повторно отварање на...

Куба и САД и формално ги обновија дипломатските односи

Куба и Соединетите Американски Држави (САД) и формално ги обновија дипломатските односи откако стапи на сила договорот за прекин на децениското непријателство, што беше постигнат минатата година,  пренесуваат светските медиуми. Според информациите, околу полноќ, по локално време, дипломатските мисии на двете земји преминаа на ниво на амбасади. За денеска попладне во Вашингтон најавени се разговори меѓу државниот секретар на САД, Џон...

САД и Куба ќе отворат амбасади во главните градови

Aмбасади во главните градови на САД и на Куба ќе отворат двете земји, а одлуката треба да биде соопштена денеска. Односите беа замрзнати уште од 1960 година кога Вашингтон ги прекина дипломатските врски и воведе ембарго за трговија со комунистичкиот остров. Двете земји се согласија да ги нормализираат односите на крајот на 2014 година. Лидерите на двете земји одржаа историска средба во...

САД и Куба почнуваат преговори за отворање амбасади

Американскиот Стејт департмент соопшти дека преговарачите на САД и на Куба ќе се сретнат следниот четврток да разговараат за повторно отворање амбасади во главните градови на двете земји. Како што јавува „Би-Би-Си“, преговорите ќе се фокусираат на практичните мерки што се неопходни за повторно да се отворат амбасадите. Иако односите меѓу Куба и САД се значително подобрени, тоа не значи дека се решени...

Оланд повика да се тргне американското ембарго кон Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд, за време на посетата на Хавана, повика да се стави крај на децениското американско трговско ембарго против Куба. Според Оланд, со ембаргото е нанесена голема штета на островската земја. Францускиот претседател, за време на историската посета на Хавана, исто така, се сретна со лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро, како и со неговиот брат Раул, сегашниот претседател...

Оланд во историска посета на Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд е прв шеф на некоја западна држава кој стигнал на Куба по најавата за одмрзнување на односите меѓу оваа држава и САД. Целта на историската посета на Оланд е да ги застапува француските и европските интереси во земјата, која би можела да тргне кон економско отворање. Идејата на патувањето е Франција да биде прва, во име...

Кери: Куба може да биде тргната од црната листа

Американскиот претседател Барак Обама во наредните неколку дена ќе одлучи дали Куба ќе биде отстранета од листата на држави-спонзори на тероризам, рече шефот на американската дипломатија Џон Кери. Барак Обама и претседателот на Куба, Раул Кастро, во саботата се состанаа во Панама. Ова беше прв состанок на такво ниво од 1956 година. На листата на која се и Сирија, Судан и Иран,...

Историска средба: Обама и Кастро ќе се ракуваат во Панама

Американскиот претседател Барак Обама денеска замина на кратка турнеја во Средна Америка, во рамки на која в петок и в сабота ќе учествува на самитот на Јужна и на Северна Америка во Панама. На самитот би требало да се сретне со челниците на 34 држави, меѓу кои и со кубанскиот претседател Раул Кастро. Обама денеска слета во Јамајка. Двајцата претседатели...

Могерини: До крајот на годината ќе се нормализираат односите меѓу ЕУ и Куба

Куба и Европската унија до крајот на годинава би требало да го потпишат договорот за нормализација на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, по средбата со кубанскиот претседател Раул Кастро. Могерини рече дека работат на забрзување на темпото на преговорите и на создавање нацрт-договор и додаде дека „одмрзнувањето“ на односите меѓу ЕУ...

Кастро: САД треба да го вратат Гвантанамо

Кубанскиот претседател Раул Кастро побарал од САД, пред двете земји да ги нормализираат односите, да им се врати воената база Гвантанамо, да се укине половековното трговското ембарго кон Куба и со тоа да ѝ се надомести нанесената штета. Кастро, синоќа на самитот на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави, изјави дека Куба и САД работат на воспоставување целосни дипломатски односи,...

Почнаа разговорите за обнова на дипломатските односи меѓу САД и Куба

Денеска почнаа разговорите за обновување на дипломатските односи меѓу САД и Куба. Американската делегација ја предводи Роберта Џакобсон, прва помошничка на државниот секретар, додека на чело на кубанската делегација е Жозефина Видал, која работи на одделот за работи со САД. Состанокот кој почна денеска, а треба да трае два дена, е прв откако претседателите Барак Обама и Раул Кастро објавија дека...

САД и Куба ги нормализираат односите

Куба го ослободи Американецот Ален Грос, во замена за тројца Кубанци затворени во САД. Размената на затвореници е првиот голем чекор во американско-кубанските односи. Американските претставници велат дека Грос, кој беше транспортиран со владин авион, е ослободен на хуманитарно барање, поднесено од Белата куќа. Ослободувањето на Грос, кој пет години се наоѓаше во затвор, претставува подобрување на односите меѓу Хавана...

Кубански лекар заразен од ебола

Кубански лекар во Сиена Леоне е заразен со вирусот ебола, соопштија кубанските медиуми. Лекарот Феликс Баес Сариу е еден од 165 лекари и медицински персонал што ги лекуваа заболените британските лекари во Африка. Сариус, по препорака на Светската здравствена организација, ќе биде префрлен на специјално одделение во болница во Женева. Кубанскиот специјалист по интерна медицина во неделата добил висока температура, а следниот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...