Лагард најави можен заеднички буџет на еврозоната


Вашингтон, 9 јули, 2018 - 10:29 (META) 

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард најави можен заеднички буџет на еврозоната, кој би бил имплементиран под услов да не стане обичен трансфер на пари од богатите земји на сиромашните членки на ЕУ.

– Буџетот би можел да биде направен без каква било обврски на овие другите – изјави Лагард.

Лидерите на Франција и Германија се слогласија минатиот месец околу предлог за таков буџет, кој би можел да се користи за намалување на економските разлики меѓу земјите од евро зоната и да се стабилизира економијата, меѓутоа со таа идеја не се согласија другите членки на ЕУ, пред се  Холандија која е загрижена како можат парите да се повлечат и да се користат.


И покрај пресудата, Лагард ќе остане на чело на ММФ


Вашингтон, 20 декември, 2016 - 15:04 (META) 

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи денеска дека Кристин Лагард останува на чело на таа финансиска институција, иако вчера беше прогласена за виновна поради невнимание во периодот додека сè уште била министерка за финансии на Франција.

ММФ соопшти дека извршниот одбор ги разгледал сите релевантни фактори, а меѓу другото и „нејзиното извонредно водење на ММФ, но и угледот и довербата во нејзиното искуство“.

„Во тој контекст, извршниот одбор ја потврдува довербата и можноста директорката да продолжи ефикасно да ја извршува должноста“, се наведува во соопштението.

На директорката на ММФ ѝ се судеше поради последиците од спорот што во 2008 година го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката „Кредит Лион“, во врска со продажбата на компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во 2007 година продажбата на компанијата ја довери на банката, но потоа ја тужеше бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата.

Кристин Лагард, која во тоа време беше министерка за финансии на Франција, одобри судскиот спор да се реши со арбитража, по што државата на Тапие во 2008 година му исплати отштета од 400 милиони евра.

Лагард е обвинета дека не направила доволно за да се спречи исплатата на Тапие, односно обвинета е за невнимание во користењето јавни средства. Ова обвинение ретко се користи и тоа во случаи кога доказите укажуваат на тоа дека обвинетите несвесно учествувале во активностите за да се изигра државата.


Кристин Лагард прогласена за виновна за невнимателна одлука за трошење јавни пари


Париз, 19 декември, 2016 - 16:18 (META) 

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, е прогласена за виновна поради невнимателност во периодот додека сè уште била министерка за финансии на Франција. Таа, како што пишува „Њујорк тајмс“, можеби ќе биде принудена да се повлече од својата функција.

На директорката на ММФ ѝ се судеше поради последиците од спорот што во 2008 година го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката „Кредит Лион“, во врска со продажбата на компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во 2007 година продажбата на компанијата ја довери на банката, но потоа ја тужеше бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата.

Кристин Лагард, која во тоа време беше министерка за финансии на Франција, одобри судскиот спор да се реши со арбитража, по што државата на Тапие во 2008 година му исплати отштета од 400 милиони евра.

Лагард е обвинета дека не направила доволно за да се спречи исплатата на Тапие, односно обвинета е за невнимание во користењето јавни средства. Ова обвинение ретко се користи и тоа во случаи кога доказите укажуваат на тоа дека обвинетите несвесно учествувале во активностите за да се изигра државата.

На шефицата на ММФ ѝ се заканува затворска казна од една година и парична казна од 15.000 евра.

Сепак, судијата напоменал дека Кристин Лагард, на која во февруари ѝ почна вториот петгодишен мандат на чело на ММФ, нема да оди во затвор.

Но, оваа пресуда ќе му нанесе голема штета на нејзиниот углед, а воедно ќе го дестабилизира ММФ, во момент кога организацијата се соочува со големи предизвици, пишува „Њујорк тајмс“.


Почнува судењето на директорката на ММФ, Кристин Лагард


Париз, 12 декември, 2016 - 11:29 (META) 

Денеска во Париз почнува судењето на генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, која е обвинета за небрежност во случај на арбитража, додека беше министерка за финансии на Франција, јавуваат светските агенции.

Лаград, која е под истрага од 2014 година, најавила дека за време на судењето, кое треба да трае до 20 декември, ќе земе отсуство од ММФ.

На директорката на ММФ ѝ се суди поради последиците од спорот што во 2008 година го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката „Кредит Лион“, во врска со продажбата на компанијата „Адидас“, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во 2007 година продажбата на компанијата ѝ ја довери на банката, но потоа ја тужеше банката бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата.

Кристин Лагард, која во тоа време беше министерка за финансии на Франција, одобри судскиот спор да се реши со арбитража, по што државата на Тапие во 2008 година му исплати отштета од 400 милиони евра.

На Лагард ѝ се става на товар тоа што случајот на Тапие го доверила на арбитражниот панел, потоа не ја утврдила независноста на еден од арбитрите и што не се жалела на одлуката на арбитражата, која пресуди во корист на Тапие.

Доколку Лагард биде осудена, ѝ се заканува затвор од една година и парична казна од околу 15.000 евра.


Судирите на Блискиот Исток ја уништуваат економијата, смета Лагард


Њујорк, 16 септември, 2016 - 18:15 (META) 

Економијата на Блискиот Исток се уништува со воените судири и бегалската криза, оцени денеска првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

– Во тој регион повеќе од 30 милиони луѓе станаа бегалци или се привремено раселени. Основните средства за производство во воените зони се уништени. Загубите, кога станува збор за богатство и приходи, се огромни има недостаток на образован човечки капитал како и работни места – изјави Лагард.

ММФ денеска објави извештај за последиците од судирите на Блискиот Исток и ефектите врз економијата.

Лагард наведува дека и повеќе од 11 милијарди долари помош ветени за Сирија и тој регион до 2020 година нема да бидат доволни имајќи ја предвид големината на кризата.


Кристин Лагард на судење поради несовесно работење


Париз, 22 јули, 2016 - 16:56 (META) 

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ќе мора да се појави на судење во Франција бидејќи е обвинета за несовесно работење. Таа му исплатила надомест на францускиот бизнисмен Бернар Тапи 404 милиони евра, кога беше министерка за финансии.

Тапи одлучил да ги продаде сите свои акции во компанијата „Адидас Франс“ и за тоа ја овластил државната банка „Креди – Лионез“. Подоцна ја тужел банката дека го измамила, тврдејќи дека нереално и ниско ги проценила неговите акции.

Лагард се обвинува дека своеволно му ја исплатила разликата на Тапи од 404 милиони евра, не чекајќи ја одлуката на судот и разврската од процесот меѓу Тапи и банката.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во меѓувреме соопшти дека одлуката да ѝ се суди на Лагард не ја менува нејзината позиција прв човек на ММФ затоа што таа ја има целосната доверба на сите членови на извршниот одбор.

Кристин Лагард од јануари оваа година го почна својот втор петгодишен мандат како директорка на ММФ.


Лагард повикува да се заврши неизвесноста околу Брексит во интерес на економијата


Вашингтон, 22 јули, 2016 - 10:43 (META) 

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска повика да се заврши неизвесноста по гласање на Британците за излегување од ЕУ, бидејќи тоа го забавува светскиот економски пораст.

– Наша препорака е оваа неизвесност околу Брексит што побргу да заврши за да ги знаеме условите за тргување и начините на кои Обединетото Кралство ќе продолжи да дејствува во рамките на глобалната економија – изјави Лагард на прес-конференција по состанокот со лидерите на Светска банка, Светската трговска организација и други институции.

Лагард истакна дека ММФ пред референдумот во Велика Британија се подготвувал да ја зголеми проценката за глобален пораст од 0,1 отсто како резултат на подобрување на економијата во Јапонија, Кина и во еврозоната.

– За жал, Обединетото Кралство одлучи да гласа за Брексит. Тоа е разочарувачки – додала Лагард.

ММФ неделава ја намали прогнозата за светскиот економски пораст поради неизвесноста од Брексит.

Во најновата прогноза се предвидува дека светската економија ќе се зголеми за 3,1 отсто во 2016 година и за 3,4 проценти во 2017 година што е за 0,1 процентен поен помалку од предвидувањата во април.

Во Кина за викендов ќе се соберат министрите за финансии и гувернери на 20 индустриски најразвиени земји.


Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата


Вашингтон, 3 јули, 2016 - 15:25 (META) 

Од суштинско значење за економијата е земјите членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Taa даде забелешка за недостигот од комуникација во EУ и за префрлувањето на одговорноста од едни на други. Според неа, треба да се согледа економската реалност и да се работи на подобра соработка и комуникација.

Лагард изрази жалење што напорите за објаснување на негативните последици од Брексит, пред да се одржи референдумот во Велика Британија, биле залудни.


Лагард смета дека светската економија скромно закрепнува


Дубаи, 24 февруари, 2016 - 11:30 (META) 

Првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард изјави дека светската економија скромно закрепнува.

На форумот во Дубаи, таа изјави дека растот на бруто-домашниот производ (БДП) на глобалната економија за оваа година се очекува да биде над три проценти.

Лагард смета дека растот на економијата во развиените земји би требало да биде поголем.


Лагард останува на чело на ММФ уште еден мандат


Вашингтон, 12 февруари, 2016 - 11:25 (META) 

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, останува на оваа функција уште пет години, пишува „Би-Би-Си“.

Лагард, чијшто мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за оваа позиција.

Кристин Лагард е поранешна министерка за економија на Франција, а на чело на ММФ дојде од јули 2011 година.