fbpx
Таг: јавен долг

таг: јавен долг

Денеска „Шарената револуција“ ќе протестира против задолжувањето

Денеска „Шарената револуција“ продолжува во 13 градови низ Македонија. Протестот во Скопје почнува во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде во знакот на економската состојба на државата и на задолжувањето. „Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии, кои го крадат јавното,...

Фити: Приливите се намалуваат, малаксува оптимизмот, а проекциите најавуваат рецесија!

Ќе има потреба од ребаланс на буџетот бидејќи приливите се намалуваат, оцени претседателот на МАНУ, академик Таки Фити во рамките на научната конференција „Република Македонија на патот кон Европската Унија 2020 ­ искуства, предизвици и перспективи“. Според него, новите проекции на Народна банка за економски пораст од само 1,6 отсто, јасно покажуваат дека ќе има рецесија. - Политичката криза го малаксува...

Наумов: Нов историски износ на јавниот долг од 4,33 милијарди евра

„Само во Македонија е можно за три месеци да се зголеми јавниот долг за 105 милиони евра, а секторот за јавен долг и Министерството за финансии со манипулации да се обидат да прикажат дека јавниот долг се намалил. Како и секогаш, во последните осум години продолжуваат да манипулираат со износот на проектираниот домашен бруто-производ (БДП), за да прикажат понизок...

Бројчаникот за јавниот долг е недостапен, МАНУ го објавил по грешка

Бројчаникот што го мери јавниот долг на Македонија изразен во апсолутни бројки, кој вчера го објави Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од денеска попладне не функционира. Од МАНУ, пак, со соопштение известија дека тој е подготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии, за потребите на нивните истражувања и е објавен по грешка. „Тој е објавен од страна...

ВМРО-ДПМНЕ: Последниот чин на МАНУ е партиски и политички, а не научен

Тоа што до вчера политички го туркаа невладините организации и портали на СДСМ и на Сорос, стана најновото „научно откритие“ на Таки Фити и на МАНУ, олицетворено во „бројчаник“ што го мери државниот долг, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека секој студент на економија знае дека долгот се мери во релативна, а не во апсолутна вредност. „Очигледно ваквите факти се...

Државата денеска ќе се задолжи 7 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска ќе се задолжи 7,07 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни хартии од вредност. Министерството за финансии ја откажа аукцијата на државни записи на 2 февруари, на која требаше да побара 813.000 евра од домашните кредитори. Дополнителениот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, предупреди дека со вакво темпо на задолжување, планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран...

СДСМ: Јавниот долг на историски највиско ниво

Опозицискиот СДСМ реагира дека пробиена е границата од повеќе од 4 милијарди евра јавен долг и сега тој изнесува 4,224 милијарди евра, а за тоа, како што велат од партијата, „виновни се расипничките политики на Никола Груевски и на „фамилијата“ во изминатите години“. - Во последните 90 дена од 2015 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните на Македонија со повеќе од 3 милиони евра секој...

Сè поголем надворешниот бруто-долг

На крајот од второто тримесечје од 2015 година, надворешниот бруто-долг изнесува 6.342.200.000 евра, или 70,8 проценти од БДП, што претставува квартален пораст од 1,1 процентен поен од БДП. - Кварталниот пораст на надворешниот бруто-долг произлегува од повисокиот долг на приватниот, наспроти намалениот долг на јавниот сектор. Повисокиот приватен долг, пред сѐ, е последица на повисоките обврски кон странските директни инвеститори, а потоа и на повисоките обврски...

Беџети: Економскиот дел од извештајот на ЕК е еден од најточните во последните години

Извештајот на Европската комисија за економскиот дел е еден од најточните и прецизно посочува кои се болните точки во македонската економија, смета професорот и поранешен министер за економија, Абдулменаф Беџети. Според Беџети, извештајот е многу јасен и недвосмислено, без дипломатски речник и без калкулации како ќе биде разбран, ги посочува проблемите и што треба да се прави. - Генералната оцена е...

Државата се задолжува 42,5 милиони евра

Државата ќе позајми 42,5 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни записи со рок на доспевање од шест и од 12 месеци. Врз основа на доспеани долгови, утре треба да се вратат 41 милион евра. Вкупниот јавен долг достигна 3,94 милијарди евра или 43,9 проценти од БДП, што претставува зголемување во однос на вториот квартал, кога изнесувал 43,7 проценти од...

ТМ: Долгот постојано се зголемува и покрај предупредувањата да се намали

„Транспарентност Македонија“ предупредува на неправилности, непочитување на процедурите и на добрите практики во спроведувањето на јавните политики и на трошењето на јавните пари во општеството. Во најновиот септемвриски билтен, предупредуваат дека јавниот сектор постојано го зголемува долгот, па во 2016 година, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе достигне 49 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), иако институцијата предупредува дека тој треба да се...

ММФ: Неисполнување на политичкиот договор негативно ќе влијае врз економијата

Економскиот пораст ќе продолжи со умерено темпо и годинава ќе изнесува 3,2 проценти, се вели во најновиот извештај на ММФ за Македонија. Домашниот бруто-производ ќе достигне 3,2 проценти како резултат на странските инвестиции, инфраструктура и на потрошувачката. Јавниот долг, според монетарците, од 2008 година досега е зголемен двојно и минатата година достигна 43,3 проценти. Дефицитот, според ММФ, ќе изнесува 4,2...

Владата се задолжи со 4,4 милиони евра

Преку аукција на еден државен запис и на две државни обврзници, Владата се задолжи со 4,4 милиони евра. Дел од парите ќе треба да се вратат за една година, а дел во 2025, односно во 2030 година. Според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг на Македонија изнесува 3,92 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП.

Јавниот долг на државата изнесува 3,92 милијарди евра

Според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг на Македонија изнесува 3,92 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП. Задолженоста од март до јуни се зголемила за 10,8 милиони евра. Притоа, внатрешниот долг изнесува 1,3 милијарда евра, а надворешниот е 2,61 милијарди евра.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...