fbpx
Таг: Интернет

таг: Интернет

Дигиталното поврзување на Западен Балкан ќе биде финансирано со 200 милиони евра од ЕУ

Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, информираат од министерството за информатичко општество и администрација. „Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од самитот на ЕУ и Западен Балкан, информираше дека иницијативите за дигитална агенда и поголема поврзаност во регионот ќе бидат финансирани со повеќе од 200 милиони...

„Слободата и интернетот во Македонија“: Приватноста, лажните вести и говорот на омраза се новите предизвици

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје се одржa конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ како дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) – #ФООМ25. На конференцијата се дискутираше за развојот на интернетот во земјава, за предизвиците со кои се соочува онлајн медиумската заедница и...

Конференција „Слободата и интернетот во Македонија“ утре во МСУ

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје утре ќе се одржи конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ која е дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) - #ФООМ25. На конференцијата ќе се дискутира за лажните вести, развојот на интернетот во земјата, како и за предизвиците...

Елена Трифуновска: Не треба да се меша говорот на омраза со клеветата и навредата

Станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза во онлајн сферата за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш брзината на технологијата, рече,...

Слободата на изразување, главна тема на регионалниот Самит за слобода на интернет

Состојбите со слободата на изразување во Источна и Централна Европа и Евроазија се главна тема на првата панел дискусија на вториот регионален Самит за слобода на интернет, организиран од Иницијативата за владеење на правото при Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ). На панел дискусијата учествуваа амбасадорката на ОБСЕ во Скопје - Нина Суомалаинен, Роберт Поповски - министер без ресор во Владата на...

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет, според коалицискиот договор на конзервативците на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вели Хелге Браун, кој е именуван за шеф на кабинетот на германската канцеларка. Во интервју за весникот „Билд“, Браун објаснува дека новата голема владина коалиција ќе создаде правна рамка со која граѓаните ќе добијат право на...

Манчевски на Светскиот саем за мобилна технологија во Барселона

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски присуствува на Светскиот саем на мобилна технологија во Барселона, кој почна вчера и се одржува до 1 март. Денеска почна министерската агенда на која што учествуваат министри и високи функционери, каде Манчевски ќе има прилика со колеги од другите држави во Европа и светот, да разменат искуства за дигитализацијата. Манчевски ќе има повеќе средби со...

Сигурноста и приватноста – главни теми на Форумот за управување со интернет

Приватноста и сигурноста на интернет, но и влијанието на лажните вести и користењето на дигиталните технологии за манипулација на јавното мислење, заедно со проблемот на намалената доверба кон медиумите и државните институции, беа една од главните теми на 12-от состанок на Форумот за управување со интернет - IGF (Internet Governance Forum), кој се одржа во Женева од 18 до...

Путин бара мониторинг на работата на компаниите на социјалните мрежи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, руските власти треба да ги набљудуваат активностите на некои компании на социјалните мрежи следната година, кога се одржуваат претседателските избори, и да се процени нивната вмешаност во домашната политика. Путин, говорејќи за новиот закон за странски агенти во парламентот, не спомнал на кои компании мисли, ниту дали станува збор за домашни или странски, но...

Конференција „Е-општество“ во организација на „Метаморфозис“ се одржува во Скопје

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска 13. пат ја организира меѓународната конференција „Е-општество“, која оваа година ќе биде на тема „Слобода и приватност“, со особен фокус на реформите во областа на медиумите. Конференцијата ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“, со почеток од 10 часот. На настанот, во четири одделни сесии ќе дебатираат и ќе дискутираат дваесетина претставници на институциите,...

Граѓаните на своите мобилни телефони најмногу користат „вибер“ и „месинџер“

Бројот на корисниците на мобилна телефонија во Македонија годинава, за разлика од лани, бележи мал пораст и изнесува 95,2 проценти, се наведува во резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации во Македонија, спроведено од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во периодот од 19 до 29 мај годинава. Анкетата покажува...

72,2 отсто од населението во Македонија користи интернет

Вкупно 1.503.000 жители на Македонија, односно 72,2 отсто од населението користи интернет, а милион од нив се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат податоците на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Според истражувањето, македонските граѓани повеќе користат интернет во споредба со жителите на Црна Гора (69,9 отсто), БИХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8 проценти), но...

Дескоска: Новата влада е посветена на создавање отворени образовни ресурси

Македонија треба да вложи големи напори за создавање отворени образовни ресурси (ООР), а тоа е една од заложбите на новата влада, вели за „Мета“ министерката за образование и наука, Рената Дескоска, која учествува на Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси што овие два дена се одржува во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија. Идејата...

Анкета на ИРИ: Вести најмногу се гледаат на „Сител“, „Алсат-М“, ТВ 24, „Телма“ и на „Канал 5“

Големо мнозинство од македонските граѓани за политичките случувања во земјава се информираат преку телевизија, а најмалку преку радиото како медиуми, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена од 4 до 21 август оваа година. Телевизијата како главен извор за политички вести ја посочиле 85 отсто од граѓаните, 39 проценти рекле дека за политичките случувања се информираат преку интернет...

„Македонска пошта“ воведе следење на пратките преку интернет

По големиот број забелешки во изминативе неколку години за загубени пратки со производи нарачани преку интернет од странство, „Македонска пошта“ воведе систем за следење на пратките преку веб-сајтот на компанијата. „Сите граѓани што купуваат од странски продавачи пристигнувањето на својата пратка во „Македонска пошта“ и реализирањето на доставата веќе може да ги следат преку системот за следење пратки на „Македонска...

Македонија има 1,44 милиони корисници на интернет, а еден милион се на „Фејсбук“

Вкупно 69,1 од проценетата бројка на 2.083.308 жители на Македонија се поврзани на интернет, односно 1.439.089, а еден милион користат „Фејсбук“, покажуваат пресметките за март годинава на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Од земјите во регионот, по користењето интернет во март годинава пред Македонија биле Косово (со 80,4 отсто) Словенија (72,8 проценти), Хрватска (74,4 проценти), БИХ (69,3 отсто). Зад...

„Википедија“ блокирана во Турција

Мрежата за надзор на цензура на интернет соопшти дека Турција ја блокирала бесплатната интернет-енциклопедија „Википедија“. - Губењето достапност е поврзано со интернет-филтрите што се користат за цензура на содржината во земјата – наведе турската мрежа за надзор. Веб-страницата на „Википедија“ е блокиран со привремена административна наредба, без судски налог. Турските власти не соопштија зошто веб-страницата ее блокирана, додека турските медиуми наведуваат дека причината е „содржина...

Роботите ќе ги потиснат и директорите на компаниите, тврди првиот човек на „Алибаба“

Првиот човек на најголемата кинеска продажна веб-страница „Алибаба“, Џек Ма, вели дека светот треба да се подготви за болни промени во економијата, кои ќе ги предизвика интернетот. - Светот мора да го промени системот на образование и да се учи како се работи со роботите за да може да се ублажат ударите што ќе бидат зададени од автоматизацијата и од интернет-економијата – изјави...

Во германско-полска рација уапсени 14 лица поради педофилија

Во заедничка операција на германската и на полската полиција, по претрес во Полска се уапсени 14 лица поради педофилски содржини во компјутери и во мобилни телефони. Вкупно 29 лица се осомничени за ширење порнографија со деца на интернет. - Вкупно 29 лица имаат статус на осомничени. Обвиненијата ќе зависат од прегледот на содржините на компјутерите, што го вршат вештаците. Некои...

Конгресот на САД ја поништи регулацијата за приватност на интернет

Претставничкиот дом на американскиот конгрес ги отфрли правилата за приватност на интернет, со што им се овозможи на интернет-провајдерите да ги продаваат податоците на корисниците на трети лица. За поништување на предлог-регулацијата што ја воспостави Комисијата за федерална комуникација во октомври, за време на претседателот Барак Обама, гласаа 215 конгресмени, додека 205 беа против. Претходно предлогот во Сенатот мина со 50 гласа...

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...