fbpx
Таг: екстремизам

таг: екстремизам

Германската влада ќе формира Единица за рано откривање манипулации и кампањи од странство

Стотици илјади Германци загрижени за подемот на крајната десница излегоа на улиците во последните недели. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер најави државни мерки против екстремистите. Владата ќе формира „единица за рано откривање“ на манипулации и кампањи од странство, најави вчера Фезер, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Во пакетот против екстремизам има вкупно 13 мерки. Заедно со министерката, мерките ги...

Продолжија протестите во Германија против десничарскиот екстремизам

Во северозападниот германски град Бремен илјадници луѓе протестираа по улиците против десничарскиот екстремизам, додека викендов продолжија неколкунеделните национални протести, пренесе германската агенција ДПА. Полицијата го проценила бројот на учесници на околу 16.500, додека организаторите навеле поголем број, од 25.000. Митингот бил организиран од новиот сојуз во Бремен на левичарски и антифашистички групи. Околу 45.000 луѓе излегле во Бремен на сличен протест...

Западните медиуми и американскиот Конгрес не ја величаат Вита Заверуха и таа нема титула „херој на Украина“

Невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател Зеленски, иако таа со него не е во крвно сродство. „Дејли Мејл“, за Заверуха во 2015...

Регионален собир за сузбивање на насилен екстремизам започна во Скопје

Семинар за спречување и сузбивање на насилниот екстремизам на Западен Балкан започна денеска во Скопје, на кој учествуваат практичари од областа на безбедноста во регионот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, на отворањето на семинарот ги нагласија важноста на регионалниот пристап кон растечките безбедносни предизвици, оценувајќи дека терористичките групи...

Османи предупреди за ризици ако не почнат преговори за зачленување со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешниот традиционален појадок што го организираше во Клубот на пратеници во Скопје, предупреди на ризици од раслојување и екстремизам во Македонија, ако наскоро не почнат преговори со ЕУ за зачленување. - Губењето на надежта за ЕУ и НАТО членство ќе придонесе младите луѓе и натаму да продолжат да ја напуштаат земјата намалувајќи ја...

Жбогар: Загубеното време да се надомести со поголема посветеност на реформите

Загубеното време треба да се надомести преку посилна посветеност на владата и на јавната администрација на тековните реформи и со посилна вклученост на граѓаните во реформите. Секој има одговорност за напредокот на земјата, вели шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар. Евроамбасадорот во врска со усвојувањето на Акциската програма на Европската комисија за Македонија за 2017 година и...

Свилановиќ: Борбата против екстремизмот да се вгради во образованието

„Спречувањето на екстремизмот треба да биде вграден во наставните планови и програми на општиот образовен систем, но и надвор од наставните активности“, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. - Младите се примарна цел на пропагандата на насилните екстремисти и за да станат поотпорни треба да се направат посебни координирани програми - појасни Свилановиќ, зборувајќи...

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на дебарскиот градоначалник го поткопува темелот на државноста

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува изјавата на градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, која го уништува духот на соживотот и длабоко го поткопува темелот на државноста и уставното уредување, порача на партиска прес-конференција денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој ја обвини СДСМ дека е главниот поттикнувач на големоалбанските тенденции. - Ваквите националистички и ретроградни изјави, кои зачестија во последниот период, се предизвикани...

Иванов: Армиите на Македонија и на Египет се во слична позиција и мора да соработуваат

Неопходна е соработка на нашите безбедносни и армиски сили со Египет, која и досега е извонредна, оценува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој е во работна посета на Египет, каде учествува на меѓународниот форум посветен на безбедноста во време на екстремизам и на насилство. Според Иванов, армиите на двете држави се во слична позиција и ја имаат клучната улога во...

Европската Унија усвои мерки за спречување на трговија со диви животни

Европската Унија претстави низа мерки против трговијата со диви животни, со што се финансираат екстремистичките паравоени групи, особено на територијата на Африка. Во Брисел проценуваат дека секоја година на тој начин се собираат околу 20 милијарди евра, со што се загрозува опстанокот на животните. Петгодишниот план на Европската Унија има цел да ја спречи трговијата, да ја намали понудата и побарувачка за...

Крал Абдула: Балканот е првата одбранбена линија на Европа

Јорданскиот крал Абдула синоќа на Минхенската безбедносна конференција оцени дека земјите од Западен Балкан се првата одбранбена линија на Европа против екстремизмот. Тој во говорот рече дека мора да се поддржуваат балканските земји со мнозинско муслиманско население во борбата против екстремизмот. Абдула оцени дека ништо не би ја чинело Европа поскапо од зајакнувањето на екстремизмот на Балканот. Тој рече дека Европа мора...

Путин и Обама разговарале за создавање коалиција против екстремизмот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на создавање меѓународна коалиција против екстремизмот, велејќи дека за тоа веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама. На маргините на Источниот економски форум во Владивосток, Путин истакна дека за иницијативата разговарал со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан и на други земји. - Навистина сакаме некој вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот....

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...