fbpx
Таг: Договорот од Пржино

таг: Договорот од Пржино

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Коцијанчич за „Мета“: Ги поздравуваме напорите на Иванов за дијалог со партиите

Европската комисија денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Ѓорге Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот. - Ги поздравуваме тековните напори за разговори со сите политички партии – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа потсети дека сите партии истакнале дека се залагаат...

Наградата „Жан Моне“ ја доби Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“

Делегацијата на Европската Унија во Македонија годинешната награда „Жан Моне“ во категоријата за најдобар новинарски текст му ја додели на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“ . Годинешниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“, а Ѓорчев е награден за истражувачката сторија поврзана со истрагата за случајот „Транспортер“ што ја отвори Специјалното јавно...

Уставниот суд ја закажа првата седница по одморите: СЈО не е, ама крстот е на дневен ред

Уставниот суд денеска го објави дневниот ред за првата седница по двомесечната летна пауза, закажана на 28 септември во 9 часот. На седницата, како точка на дневен ред ја нема иницијативата за оценка на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, но ја има иницијативата за поставувањето на крстот во Бутел. Иницијативата за оценување на уставноста на СЈО беше поднесена...

Груевски и Заев подготвени за избори, останува уште да се договори датум

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, викендов потврдија двете најголеми политички партии во Македонија се подготвени за избори и повикаа тие да се одржат што поскоро. Според поранешниот премиер и лидер на владејачката партија, на тој начин ќе се скратат штетите што ги трпат економијата и граѓаните. Од обраќањата на двајцата лидери се добива впечаток дека...

Бејли и Орав: Во постојан контакт сме со партиите, очекуваме договор наскоро

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав изразуваат надеж дека наскоро партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе успеат да се договорат околу условите за одржување на изборите. Двајцата амбасадори по средбата со претставници на политичките партии во Пржино рекоа дека состанокот поминал во конструктивна атмосфера. - Со партиите имавме средби последните неколку недели и се надеваме дека...

Хојт Ји: Ќе продолжиме да даваме поддршка за излез од политичката криза

Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека САД и ЕУ ќе продолжат да даваат поддршка за да се надмине политичката криза во Македонија. „Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија можат да најдат начин да излезат од неа. На одлуката да не се одржат...

Коцијанчич: Ретроградните чекори ги минираа Пржино и Виена

Европската комисија денеска изрази жалење што нема да се одржи утрешна лидерската средба во Виена, соопшти денеска за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Ние постојано велевме дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици за државата. Длабоко ќе жалиме ако некои ретроградни чекори во Скопје ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за приклучување кон Европската Унија...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...