fbpx

Наградата „Жан Моне“ ја доби Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“

-

Делегацијата на Европската Унија во Македонија годинешната награда „Жан Моне“ во категоријата за најдобар новинарски текст му ја додели на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“ .

Годинешниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“, а Ѓорчев е награден за истражувачката сторија поврзана со истрагата за случајот „Транспортер“ што ја отвори Специјалното јавно обвинителство, но и за целиот негов авторски и новинарски ангажман во известувањето за Договорот од Пржино и за процесите што произлегоа од него.

Наградата за најдоба професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски.

Наградата од името на семејството на новинарот Владе Ѓорчев, кој ненадејно почина на 20 ноември оваа година, ја примија неговите колеги новинари од новинската агенција „Мета“, Симона Атанасова и Димитар Тануров.

– Ви благодарам од името на семејството на нашиот драг колега Владе Ѓорчев и од името на редакцијата на „Мета“. Ние сме млада новинска агенција, но за кратко време, заедно со Владе успеавме да се издигнеме и етаблираме меѓу медиумите на македонската сцена. Оваа награда ќе биде уште еден поттик да продолжиме професионално да работиме и да бидеме сервис на граѓаните и на медиумите – рече Тануров.

Наградите „Жан Моне“ ги додели евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, кој, меѓу другото, истакна дека Договорот од Пржино е токму тој што придонел да се одржат изборите минатата недела.

Наградата „Жан Моне“ Делегацијата на Европската Унија годинава ја додели по 14. пат, а се однесува на најдобрите достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ.

Во изминатите 13 години, повеќе од 400 новинари се натпреварувале за наградата, а меѓу добитниците на наградата „Жан Моне“ има познати новинари, фоторепортери, како и млади автори.

Оваа година, на конкурсот беа примени 58 пријави, од кои 14 за најдобра репортерска фотографија, 7 за најдобар новинарски текст и 37 за најдобра аматерска фотографија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...