fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Голема акција на европското обвинителство во Бугарија, уапсен екс-премиерот Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, вечерва бил задржан во својот дом додека траела двоиполчасовна операција на бугарското МВР, а во 22.30 часот по локално време, бил приведен во Генералната управа на Националната полиција во Софискиот округ Младост, јави „Медиапул.бг“. Веста за апсењето на Борисов ги собра пред неговата куќа речиси сите пратеници на ГЕРБ, како...

Вистиномер: Во Бугарија веќе 17 години има македонски културно-информативен центар

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во земјава, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавена е вест на веб-портал од информативен карактер, која содржи неточен и сензационалистички наслов, кој во време на затегнати односи на С.Македонија и Бугарија...

Бугарија тензично и со измешани чувства кон Русија го одбележува националниот празник 3. Март

Во тензична атмосфера и со измешани чувства поради воената агресија на Русија врз Украина, во Бугарија денеска се одбележува националниот празник 3. Март - 144 години од крајот на Руско-турската војна и потпишувањето на Санстефанскиот договор. Бугарското општество во моментов е силно поделено во однос на тоа какви односи нивната земја треба да гради со Русија. На врвот Шипка, каде...

(Галерија) Заедничко одбележување на роденденот на Гоце Делчев како чин на добра волја за намалување на тензиите

Во склоп на државните свечени настани и одбележувања по повод 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Делчев во...

Русија од Скопје го честита раѓањето на Гоце Делчев, а од Софија на потписникот на Санстефанскиот договор

Амбасадите на Руската Федерација во Скопје и Софија во период од само неколку дена испратија паралелни честитки до македонските и бугарските граѓани. Во С. Македонија го честитаат раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, а во Бугарија роденденот на Николај Игнатиев, потписникот на Санстефанскиот договор за формирање на голема Бугарија, која што ги вклучува и границите на нашата земја. Руската амбасада во...

Ковачевски: Со премиерот Петков иницираме разговори „оддолу-нагоре“

Јас и премиерот Петков ја презедовме иницијативата да се водат инклузивни разговори, од долу нагоре. Односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството меѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, вели македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој денеска говореше на отворањето на конференцијата...

Бугарскиот премиер Петков: Бугарите може да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија

Бугарската страна нема да го менува својот состав во Комисијата за историските прашања, владите на Бугарија и на Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарите во Северна Македонија ќе бидат вклучени во Уставот. Тоа се три од најбитните работи што бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ги наведе на парламентарната седница во Собранието на Бугарија, каде беше повикан на...

Ковачевски и Петков: Да оствариме напредок во пријателството, наместо национализам и говор на омраза

Со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи, нагласи македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на почетокот на пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница на владите на Бугарија и Северна Македонија. Заедничката владина седница почна претпладнево во резиденцијата „Бојана“ на...

По Источна Европа, Русија бара повлекување на силите на НАТО од Бугарија и Романија

Не само за земјите од Централна и Источна Европа, туку барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО (странски војници, оружје и опрема) е за сите земји коишто не биле членки на НАТО во периодот пред 1997 година. Безбедносните гаранции што Русија ги бара од НАТО важат и за Романија и Бугарија, изјави рускиот министер за надворешни работи...

Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе човечки живот

Речиси два месеца по тешката трагедија на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога во пожарот на автобусот на скопската агенција „Беса Транс“ загинаа 45 патници, овој автопат повторно е во вестите поради тешка сообраќајка во која згасна еден човечки живот. Како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), синоќа околу 20 часот во непосредна близина на клучка на овој автопат кај Благоевград,...

Нов почеток или нова епизода – Првата средба на новите бугарски и македонски премиери

Посетата на новиот премиер на Бугарија на уште поновиот премиер на Северна Македонија донесе нов ветар, кој сепак засега не успеа да го расчисти загадениот воздух, пишува Малинка Ристевска - Јорданова, во новата колумна за „Порталб“. Неспорно е дека двајцата премиери имаа намера и успеаја да прикажат волја за создавање нова клима во односите меѓу двете земји. Целта на овој...

Петков ја предаде апликацијата ,,dDnevnik”, корисна за превенција и лекување дијабетес

Бугарскиот премиер Кирил Петков на неговиот македонски колега Димитар Ковачевски му ја предаде апликацијата „dDnevnik”, која што ќе им го олесни животот на болните од дијабетес во нашата земја, информираат од владината прес-служба. Софтверското решение „dDnevnik” го изготви компанијата „Скеил Фокус”, која во нашата земја работи од 2019 година, како инвестиција од Бугарија во ИТ секторот. Проектот е подржан од Министерството...

Пристигна бугарската владина делегација – Петков на средба со Ковачевски

Во првата меѓународна активност на новата влада предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пречекот на неговиот бугарски колега Кирил Петков. Очекувањата се дека главната тема на разговорите ќе биде надминувањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ. Бугарскиот премиер Петков пристигна денеска со владина делегација. Со државна церемонија пред платото на...

Во Бугарија од четврток ќе може да патуваат наши државјани, но само со ПЦР тест

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) денеска соопшти дека по интензивната комуникација со МНР на Бугарија е преиначена вчера соопштената одлука, со која Бугарија ја спушти рампата за државјаните на државава почнувајќи од 19 јануари, освен за одредени категории, како медицинските лица, хуманитарните работници, студентите, лицата со регулиран престој, делегациите и слично. Според новата одлука, иако Северна Македонија продолжува да...

Поради ковид-19, од среда Бугарија ги затвора границите за влез на македонски државјани

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19 јануари (среда), со која се ограничува влезот за сите таканаречени не-есенцијални патувања во земјата, информираат од македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Исклучоците од ваквото ограничување за влез...

Дезинформациските бури во Македонија придонесоа кон дополнителна поларизација на општеството

Локалните прокси за дезинформации градат наративи, истовремено искористувајќи ја идејата за веќе постоечки идентитетски врски, заедничка историја и безусловна руска политичка поддршка со текот на времето. Тие ја замаглуваат границата помеѓу коментарите и фактите, со што се предизвикува недоверба во изворите на фактички информации на кои претходно им се верувало и се создава простор за поедноставена поларизација. Овие наративи...

Во протестите против ковид мерките во Софија повредени девет полицајци

Девет полицајци повредени и двајца уапсени демонстранти е епилогот на протестите вчера попладне пред објектот на бугарското Народно Собрание, кога противниците на ковид-мерките и пратеници на партијата „В'зраждане“ (Преродба) се обидоа неколку пати да влезат во бугарскиот парламент, јави Бугарската национална телевизија. Со остра осуда за насилствата и за навредите и нападите врз новинари се огласија владејчката партија „Продолжуваме со...

Османи контра Димитров: Да го задржиме нивото и довербата кои долги години ги градевме

Да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години ги градевме, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук како реакција на изјавата на досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров. Тој пак, во неговата изјава, рече дека нема целосна доверба токму во Османи. „Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и...

Државниот врв на Бугарија дефинираше тврди рамки без рокови за Македонија – и замина во самоизолација

Бугарскиот државен врв е во самоизолација по вчерашната седница на Советот за национална безбедност, на која дефинираа продолжување на ставот за Македонија. Владата на Бугарија ќе продолжи да ја исполнува рамковната позиција за Северна Македонија дефинирана во 2019 година, којашто е полна со „црвени линии“, но нема да го обврзува напредокот на официјално Скопје кон целта за зачленување во ЕУ...

Ковачевски убеден дека со премиерот на Бугарија ќе создадат коректен однос

Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед, вели мандатарот за нова влада и претседател на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ), Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Тој очекува градење коректен однос со бугарската страна, откако беше објавено дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе биде биде првиот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...