fbpx

(Галерија) Заедничко одбележување на роденденот на Гоце Делчев како чин на добра волја за намалување на тензиите

-

Во склоп на државните свечени настани и одбележувања по повод 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас.

Министерката Костадинова Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, а во составот на бугарската делегација, покрај министерката Генчовска беше и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, претседателот на парламентарната Комисија за култура Тошко Јорданов и бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов.

Почит на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас одаде и европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук.

Бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев, Делчев го чествува во Софија. Петков, на Фејсбук страницата на Владата на Бугарија сподели текст за 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во кој вели дека Гоце Делчев е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење.

„Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со народот на Северна Македонија. Тој е една од личностите кои ги прават горди двата народа“, порача Петков.

Претседателот Стево Пендаровски кој положи цвеќе пред гробот на Делчев во црквата Свети Спас, на споменикот на Делчев во Градскиот парк во Скопје како и на споменикот на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, пред Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“.

Тој порача дека заедничкото одбележување на овој ден на македонска и бугарска делегација без одлука донесена од заедничката Мешовита комисија за историски и образовни прашања, не е притисок врз комисијата, туку чин на добра волја на двете страни за намалување на тензиите.

И пред да постои Историската комисија имавме заеднички чествувања на одредени настани и личности и без да има одлука на историската комисија сме правеле и во Бугарија и во Македонија на различни паметници. Не гледам проблем во тоа некој од нашите соседи да искажува пиетет кон еден од камен темелниците на нашата државност. Знаете со какви навреди се соочувавме во минатото. Петков не оди по тој пат и кога зборува, исто како да зборува Нелсон Мендела. Секоја негова изјава има внатрешна конотација и се држи до тоа што е негова надлежност“, рече Пендаровски.

За време на церемонијата делегациите на претседателот на државата, на Собранието и на Владата пред црквата „Свети Спас“ беа пречекани со свирежи од страна на членови на навивачка група од Скопје, главно тинејџери. Во моментот кога поминуваше македонската делегација тие извикуваа „предавници“.

Ова не е првпат политичарите од двете земји да го чествуваат Гоце Делчев. И во 2017 година и во 2019 година поранешните премиери на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов положија цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...