fbpx
Таг: СЗО

таг: СЗО

Змијата во логото на СЗО нема поврзаност со христијанството

На оваа објава ѝ недостасува соодветен контекст, па како таква врши манипулација на корисниците на социјалните мрежи и ги наведува да донесат погрешен заклучок. Змијата, иако во дел од христијанските верувања е симбол за нешто лошо, сепак во логото на СЗО е поради поинаква причина. Амблемот на СЗО бил избран од страна на Првото Светско здравствено собрание во 1948...

Во Пекинг пациенти болни од ковид примаат кислород во ходници зашто нема кревети

На носилки во болничките ходници лежат пациенти, главно повозрасни, или земаат кислород додека седат во инвалидски колички, бидејќи ковид-19 зема замав и ги  намали ресурсите на јавните здравствени установи во главниот град на Кина, Пекинг, јавува Асошиејтед прес. Болницата Чуијанглиу на истокот на градот, во четвртокот беше преполна со пациенти. Нема слободни болнички кревети, а амбулантните возила продолжиле да носат...

Научните испитувања за вируси и бактерии не се најава за идна пандемија

Тоа што науката се фокусира на спречување на некои можни пандемии кои никој не знае дали ќе се случат, никако не претставува најава за идна пандемија, а уште помалку планирана пандемија односно „пландемија“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. За да се создаде успешен одговор на евентуална идна пандемија, научниците од СЗО уште отсега создаваат...

Нема докази дека вакцината против ковид го уништува здравјето

Во оваа објава доминираат шпекулативните наративи, непоткрепени со конкретни факти и со статистички податоци. За сметка на тоа, презентирани се субјективни перцепции кои се искористени да се искреира тезата дека после вакцинацијата има некаква промена во степенот на разболување кај населението, односно генерално влошување на здравствената состојба. Наспроти изнесеното во постот,  Светската здравствена организација посочува дека вакцините не го...

Јадеме два пати повеќе сол од препорачаната доза од СЗО

Населението во земајва внесува најмалку два пати повеќе сол во споредба со она што го препорачува СЗО. Внесот на сол преку белиот леб е карактеристичен поради тоа што тој леб преовладува во исхраната на нашето население и се покажа дека количините на сол во тој леб се меѓу повисоките, дури и во светски рамки. Денес беше презентирана нацрт Програмата...

Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид

Факт е дека Светската здравствена организација никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие да се прават со голема внимателност. Директорот на Институтот за судска медицина во екот...

Од утре започнува караван за вакцинација, граѓаните ќе може да се вакцинираат на лице место

Од утре, Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ќе го започне караванот за информирање и вакцинација, информираат во министерството. Предвидено е да се посетат 24 заедници низ земјата, под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“. „Караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за...

Постковид симптомите се реални и не се последица на вакцините и „запрашувањето“ со авиони

Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту, пак, со авионите и „кемтрејлс“ теориите на заговор, туку се последица на самиот коронавирус. Овие здравствени состојби се документирани со бројни случаи ширум...

Лага е дека вакцините против ковид-19 се штетни за трудниците и за плодот

Лажните тврдења дека вакцините против ковид-19 се штетни за бремените жени и нивните бебиња не се нови и тие се провлекуваат за време на целата пандемија на коронавирусот, заедно со другите теории на заговор поврзани со вирусот и вакцините. Научните и медицинските факти покажуваат дека вакцинацијата е единствената опција со која може да се минимизираат здравствените ризици, особено кај...

СЗО апелира да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните

Светската здравствена организација (СЗО) упати апел до јавноста да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните, откако се дозна за случаи на најмалку седум мајмуни во Бразил што умреле откако биле отруени или повредени среде епидемијата на мајмунски сипаници, пренесе Ен-Би-Си Њуз. „Тоа што луѓето треба да го разберат е дека пренесувањето се случува помеѓу луѓе“, порача портпаролката на СЗО др....

Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од коронавирусот, кој пак, е...

Вистиномер: Не е точно дека директорот на СЗО е уапсен за злодела против човештвото

Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот објавува сатирични содржини, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се...

СЗО предупредува: Летните забави и концерти може да резултираат со ширење на мајмунските сипаници

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа, пренесе Гардијан. „Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа. Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните...

Вистиномер: Неколку случаи на мајмунски сипаници не значат „нова пландемија“

Ситуацијата со мајмунските сипаници и бројот на досега заразени засега не укажува на тоа дека станува збор за пандемија. Од 13 до 21 мај лабараторски потврдени се 92 случаи на овој вирус. Освен што не се работи за пандемија, не станува збор ниту за „пландемија“ – познат и широко распространет термин кој го користат антиваксерските движења за коронавирусот, за некаков...

Вистиномер: Нема докази дека децата до четири години заразени со новиот хепатитис биле доени од мајки вакцинирани против ковид-19

Во извештајот на СЗО, објавен на нивната официјална страница, нема ниту збор за деца заразени со новиот хепатитис кои во последните 12 месеци биле доени од вакцинирани мајки. Објавата што ја рецензираме не нуди докази дека децата кои имале хепатитис биле афектирани од мајчиното млеко на вакцинираните мајки против ковид-19, дотолку повеќе што дел од заразените деца имаат и...

Вистиномер: СЗО не ја поддржува хипотезата дека ковид вакцината е причинител за хепатитис кај децата

Не е точно дека СЗО нема одговори на прашањето дали појавата на акутен хепатитис кај децата е поради вакцинацијата со ковид-19. Хипотезите поврзани со несакани ефекти од вакцината против ковид-19 не се поддржани затоа што огромен дел од афектираните деца не примиле ковид вакцина, соопштија од СЗО , пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен...

Вистиномер: Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

Во 2021 година која изобилуваше со лажни вести поврзани со ковид-19, освен за самиот вирус и за вакцините, многу дезинформации се ширеа и за тестовите со кои се детектира коронавирусот. Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Затоа уште на...

СЗО: Омикрон може да ги оптовари здравствените системи

Светската здравствена организација предупреди дека варијантата на коронавирус Омикрон може да доведе до преоптоварени здравствени системи, иако студии укажуваат на тоа дека овој сој предизвикува лесна клиничка слика. Ограничувањата се враќаат во Кина, Јужна Африка и Германија додека земјите ширум светот се борат да го запрат ширењето на новата варијанта. Напливот на ковид-19 направи хаос низ целиот свет, принудувајќи многу...

Вистиномер: Не е точно дека СЗО не препорачува да се носат маски во училиштата

СЗО има донесено препораки за употребата на маски во училиштата и тоа за секоја возраст. Не е точно дека СЗО нема препораки за тоа дали децата во училиштата треба да носат маски, како што се сугерира во објавата што ја анализираме. Таквите препораки се присутни на повеќе места од порталот на СЗО, како и во официјални публикации издадени од...

Вистиномер: Што досега знаеме за новиот сој на коронавирусот „омикрон“?

На почетокот на декември жител на Калифорнија кој се вратил дома од Јужна Африка, беше идентификуван како првиот Американец заразен со Омикрон, а официјалните лица оттогаш ја открија варијантата во неколку држави, вклучувајќи ги Њујорк, Колорадо, Небраска, Минесота и Хаваи.  Откритието на „омикрон“ предизвика значителна паника низ целиот свет, при што голем број земји ги забранија летовите од јужна...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...