fbpx

Путин: Западот сака да го спроведе „југословенското сценарио“ во Русија

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги предупреди Русите дека доаѓаат тешки времиња и побара поголема поддршка од народот.

Во обраќањето пред двата дома во Кремљ, Путин го обвини Западот дека се обидува да постави нова „железна завеса“ околу Русија.

Русија претрпе силен економски удар поради падот на цената на нафтата и санкциите што Западот ги воведе поради улогата на официјална Москва во Источна Украина. Владата ја предупреди Русија дека следната година ќе падне во рецесија.

Путин ги обвини странските „непријатели“ дека се обидуваат да го спроведат „југословенското сценарио“ во Русија, што би значело дезинтеграција на земјата во рацете на сепаратистите. Сепак, според рускиот претседател, „тоа нема да се случи“.

Рускиот лидер вели дека не жали за анексијата на Крим, велејќи дека таа територија има „свето значење“ за Русија, уште од периодот од раното христијанство. Тој истакна дека „трагедијата“ во Југоситочна Украина е доказ дека руската политика е исправна, но додаде дека Русија ќе ги почитува соседните земји.

Путин го осуди „чистиот цинизам“ на Западот, велејќи дека ако не била анексијата на Крим, тогаш ќе нашле други причини за воведување санкции со кои ќе се запре растечкиот потенцијал на Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...