fbpx

Под лупа договорите на „Газпром“ со европските клиенти за испорака на гас

-

Европската унија сака да ги испита сите договри што рускиот „Газпром“ ги потпишал со европските компании, заради сомнеж дека се наметнати неправедни цени кои ги прекршуваат трговските прописи на ЕУ, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, повикувајќи се на интерен документ на Европската унија.

Според пишувањата на германскиот весник, ЕУ сака да ги добие на увид сите информации за договорите кои европската компанија ги склучила со „Газпром“, а кои се потпишани со рок подолг од една година и со кои се предвидува испорака на преку 40 проценти енергетски потреби на една земја-членка.

Официјален Брисел, исто така, сакал од самиот почеток да биде вклучен во преговорите за испорака на гас меѓу членките и земјите што не се членки на ЕУ, пишува весникот, оценувајќи дека Германија може да го оспори тој предлог.

Во април минатата година, Европската унија го обвини „Газпром“ за кршење на прописи на ЕУ за единствен пазар и за загрозување на конкуренцијата на пазарт со гас во земјите од Централна и од Источна Европа, каде што таа компанија е доминантен доставувач на гас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...