fbpx

Македонските новинари ќе можат да пријавуваат заплашувања во Стразбур

-

Новата интернет-платформа што Советот на Европа ја подготви со Европската федерација на новинари (ЕФН), „Репортери без граници“ и со други меѓународни новинарски здруженија и преку која европските новинари ќе можат да информираат за секаков вид заплашување или напад, ќе им биде на располагање и на македонските новинари, потсети за „Мета“ претседателот на ЕФН, Могенс Блихер Бјерегард.

Советот на Европа потпиша меморандум со засегнатите здруженија на 4 декември годинава, а платформата ќе почне да фунцкионира во текот на 2015 година.

Новинарите ќе можат да ги пријават сите вербални или физички напади, обиди за заплашување, закани кон нив или кон нивните извори до домашните здруженија, кои потоа ја информираат Федерацијата во Брисел, која, пак, редовно ќе го информира Советот на Европа за состојбата во секоја земја-членка.

За македонските новинари, конкретно, ова ќе значи дека секој напад, обид за замолкнување, вклучително и јавните дискредитации и етикетирања и, се разбира, и најекстремните случаи, ќе можат да бидат пријавувани до европските организации, објаснуваат од ЕФН.

– Постојаните заплашувања, заканите и притисоците на кои се изложени македонските новинари наскоро ќе бидат систематски заведени од Советот на Европа. Федерацијата ќе продолжи да бара ослободување за новинарот Томислав Кежаровски. Нашата организација отсега ќе го заведува секое нарушување на правата на новинарите. Македонија не смее веќе да си дозволи да биде меѓу најлошите ученици на континентот во однос на слободата на медиумите – изјави за „Мета“ претседателот на ЕФН.

Оваа платформа има цел да ја подобри безбедноста и условите за работа на европските новинари и ќе послужи како алатка за политички притисок врз оние држави што ги нарушуваат правата и слободите на новинарите, област во која Македонија бележи редовен пад според сите светски рангирања.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...