fbpx

ФБИ ја истражува улогата на зетот на Трамп во руското мешање во американските избори

-

Истрагата која ја води ФБИ за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година се повеќе укажува на повеќекратна улога на зетот на Доналд Трамп и висок советник на Белата куќа, Џаред Кушнер.

Истрагата за улогата на Кушнер е насочена на прашања како што се операцијата на анализа за податоци од кампањата на Трамп, неговиот однос со поранешниот советник за државна безбедност Мајкл Флин, и контактите на Кушнер со Русите, велат американските претставници кои се добро упатени во истрагата, јавува „Си-ен-ен“.

Нема показатели дека Кушнер во моментов е под истрага и не постојат наводи дека нправил нешто нелегално.

Исто така не е јасно дали ФБИ планира да разговара со Кушнер, но истражителите сметаат дека тој би можел да пружи информации кои би помогнале во истрагата.

Извор близок до Кушнер изјавил дека тој не знае за интересот на ФБИ за него и дека не го контактирале. Неговата адвокатка изјавила дека нејзиниот клиент е волен да разговара со ФБИ доколку тоа се побара од него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...