fbpx
Македонија Страница 1892

Македонија

Наставници и професори протестираа против реформите во образованието

Наставници и професорите од повеќе основни и средни училишта од Македонија денеска протестираа пред Министерството за образование и наука поради новите реформи во образованието. За време на протестот, наставниците и професорите го изразија своето незадоволство и побараа да бидат повикани на дебата за новите законски...

Ременски: Имаме докази дека еден граѓанин има три ЕМБ

СДСМ поседува докази дека има случаи кога едно лице има три единствени матични броја, соопшти потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, во интервју за „Радио слободна Европа“. - Нашите сознанија велат дека имаме случаи кога еден граѓанин има повеќе матични броеви, имаме документација за три матични...

Јолевски на Бриселски форум порача: Местото на Македонија ѝ е во ЕУ и во НАТО

Местото на Република Македонија е во рамките на НАТО и на ЕУ, како рамноправен член кој се залага за економски просперитет, мир и за безбедност во Европа и во светот, изјави министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски, на десеттиот јубилеен Бриселски форум во...

Променливо облачно време со појава на дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови е можна појава на дожд, а на повисоките планини - снег. Температура ќе се движи 10 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 14 степени.

Груевски призна дека преговарал за името и се обиде да ја деактивира „бомбата“?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, во говорот на собирот во Битола, направи обид да се амнестира од евентуална „бомба“ за името и ја подготви јавноста и членството за еден ваков чин. Зоран Заев, лидерот на СДСМ, неколкупати најави дека поседува снимки од кои,...

Почетокот на пролетта одбележан со „Прв до врв“

Неколку илјади граѓани денеска се вклучија во пролетното издание на „Прв до врв“, трка организирана во знакот на почетокот на пролетта. Маратонската трка почна пред училиштето „Кочо Рацин“, од каде учесниците се упатија кон врвот на Водно. На врвот на планината ќе се одржи забава...

Спортската академија трага по нови таленти

Спортската академија четврти пат почнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и во тенис во учебната 2015/2016 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп,...

Зијадин Села избран за нов претседател на ДПА

Движењето за реформи на ДПА, го избра струшкиот градоначалник Зијадин Села за претседател на партијата, на, според нив, шестиот редовен партиски конгрес, одржан попладнево во Тетово. Села изјави дека Мендух Тачи е нелегитимен претседател на партијата затоа што бил реизбран на конгрес минатата година,...

Секој трет викенд младите бесплатно ќе патуваат со воз

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со „Македонски железници – Транспорт“, денеска го промовираа проектот со кој младите до 27-годишна возраст секој трет викенд во месецот ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Почетокот на проектот беше означен со бесплатно возење на група млади до Велес. Директорот...

СДСМ: Молбите на Груевски до граѓаните се доказ за неговата безнадежност

Никола Груевски, по девет години масакр на правната држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим, денеска излезе пред граѓаните да моли за нова шанса, за „новиот тест“ пред кој се нашол, стои во реакцијата на опозицискиот СДСМ по народниот собир на владејачката...

Шекеринска за „Канал 77“: Нема ниту еден снимен разговор Груевски – Мијалков!

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при гостување на „Канал 77“ во емисијата „Стадион“, рече дека еден од доказите кој прислушувал е што нема ниту еден разговор од мобилните телефони на премиерот Никола Груевски и на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Според Шекеринска, јасно е дека...

Груевски во Битола: Заев ја претвори државата во реално шоу за странски сеирџии и за профитери

Зоран Заев и СДСМ ни ја претворија државата во вулгарно реално шоу, со кое се забавуваат странски сеирџии и профитери однадвор. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред битолчани ја претстави сликата за Македонија по аферата со масовното прислушување во државата што ја обелодени СДСМ. Груевски...

Граѓаните со бакнежи и со прегратки, се обидоа да ја ослободат МРТВ

Неколку стотини граѓани денеска напладне се обидоа, заедно со генерал Стојанче Ангелов, на ненасилен начин да упаднат во МРТВ за да ја ослободат телевизијата од контролата на власта и да ги достават снимките од прислушуваните разговори. Полицискиот кордон ги спречи насобраните граѓани, придружувани од актерите...

Дипломатите од Иванов побарале или да посредува или да побара помош од ЕУ, а не само да гледа

Претставниците на Европската унија, ОБСЕ, НАТО и на САД апелирале до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов посериозно да се вклучи во решавањето на политичката криза во земјата и да не биде само набљудувач на настаните, пишува бугарскиот портал „Новините“. Според дипломатите, како што наведува порталот, Иванов...

Ибраимовски: Власта нема бел образ, а не Ромите

„Сакаме слобода“, „И јас сум Ром“, Доста е дискриминација“, „Правда за Ромите“, „Оставка за Јанкулоска“... Со овие извици Ромите од цела Македонија го почнаа маршот против дискриминацијата, што, како што велат, врз нив ја врши власта. Протестот почна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси,...

Почна трката на франкофонијата во Скопје

Околу 500 учесници, денеска напладне ја почнаа Трката на франкофонијата, која ја организира Францускиот институт во Скопје, во соработка со Амбасадата на Франција, во чест на Светскиот ден на франкофонијата. Трката почна напладне од Паркот на франкофонијата, а ќе заврши кај „Скопје сити мол“. Како што...

Се чисти отпадот во кањонот Матка

Со чистење на кањонот Матка во општина Сарај, денеска почнува пролетната кампања за собирање на отпадот од сите населени места во општината. Во рамки на акцијата, на која ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Сарај, Беким...

Со танц-фестивал ќе се одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Со еднодневен инклузивен танц-фестивал под мотото „Имам можности, имам избор“, денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. На танцовиот фестивал, кој е во организација на „Трисомија 21“ – Скопје, во соработка со танцовиот клуб „Денсерс јунајтед МК“, ќе учествуваат околу стотина изведувачи...

Судијката од снимките, Софија Лаличиќ, има оцена „многу добар“

Вкупно 525 предмети сработила судијката Софија Лаличиќ откако на крајот на 2012 година станала судија во Кривичниот суд. Лаличиќ во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја слушнавме како соговорник на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, Мијалков на Лаличиќ ѝ вели дека...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, проследено со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 15 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со слаб ветер, претежно од северозападен правец и со температура до 13...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...