fbpx

Бранковата „лада“ на 9 мај, на протест пред Влада

-

„Ладата нива“, симоблот на „Отпор“, протестите предводени од поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кои почнаа по настаните во Собранието од 24 декември 2012 година, повторно се враќа на улиците.

„Ладата“, која по конгресот на кој беше избран за претседател на СДСМ, Зоран Заев му ја подари на Црвенковски, завчера доцна вечерта била повторно вратена во партијата, во седиштето на Бихаќка и клучевите му биле предадени на лидерот на партијата, Зоран Заев.

На настанот присуствувале и преставниците на партиските разграноци.

Нашиот извор тврди дека Црвенковски го вратил автомобилот како поддршка на Заев за „бомбите“.

Инаку, традиција во опозицискиот СДСМ е новиот лидер да му подари на својот претходник подарок каков што тој ќе посака. Бранко Црвенковски, наводно, од својот наследник Зоран Заев посакал да ја добие „ладата“ – џипот симбол на „Отпорот“, пишуваше тогаш  „Бриф“.

Овој навидум застарен и веќе не толку популарен модел на автомобил беше една од најгласните и најпрепознатливите опозициски пораки кон Владата на Република Македонија пред локалните избори, прошета низ целата земја, водејќи го зад себе опозицискиот „Отпор“. Секоја вечер „ладата“ беше во центарот на опозицискиот фронт.

Дознаваме дека на 9 мај, Денот на победата над фашизмот, опозицијата подготвува митинг пред Владата. Колоната ќе ја предводи „ладата нива“.

Ова било договорено и со претставниците на ЛДП.

Како алтернативен датум за митингот, ако нешто непредвидено се случи, бил одреден 20 мај.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...