fbpx

Аврамопулос, Димас и Гаврас, кандидати за претседател?

-

Грчкиот парламент на 13 февруари ќе треба да гласа за нов претседател на државата. Парламентот ќе се отвори на 5 февруари, кога ќе поднесат заклетва новите пратеници. Владата ќе ја претстави програмата од 7-9 февруари и вечерта на 9 февруари ќе се гласа доверба за новиот состав на премиерот Алексис Ципрас.

Штом заврши таа процедура, на 13 февруари ќе биде првиот круг за гласање на претседател на државата, откако парламентот и по три обиди во декември не изгласа заменик за претседателот Каролос Папуљас што доведе до предвремени избори.

Во Атина веќе се вртат имињата на кандидати за нов шеф на грчката држава.

Се смета дека фаворит на победничката СИРИЗА за претседател е Димитрис Аврамопулос, актуелен еврокомесар и поранешен министер за надворешни работи и за одбрана на Грција.

Наводно, Аврамопулос како решение за претседател би им одговарал на сите страни во парламентот. Сепак, иако Аврамопулос е еден од главните луѓе во Нова демократија и важи за близок соработник на Самарас, од партијата се држат до ставот дека ќе инсистираат на нивниот декемвриски кандидат, Ставрос Димас.

Во меѓувреме, се појавија шпекулации и дека кандидат за претседател би можел да биде и познатиот грчки филмски режисер, Коста Гаврас.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...