Во Македонија има 124 пациенти со ретки болести

124 пациенти со ретки болести има во Македонија, а најголем број од нив се деца.

Во регистарот на ретки болести евиндентирани се 124 пациенти, кои имаат гошен-синдром, Вилсонов синдром, ХАЕ и уште четириесетина други ретки заболувања. Моркиов синдром е последната ретка болест откриена во земјата. Ова заболување влезе во првиот регистар за вакви болести.