Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во јужните делови можен е слаб локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од -2 до 3 Ццелзиусови степени, а дневната од 4 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне до 7 степени.