fbpx

СДСМ: Две АФИС-машини нема, документи ги разоткриваат Јанкулоска и врвот на МВР

-

Во медиумското манипулирање со доказите за аферата „Фабрика за пасоши“, Гордана Јанкулоска свесно избега од аргументите за криминал, сторен со нејзино знаење, обвини денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

– Повеќедневниот партиски притисок и медиумската пропаганда на владините функционери, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, врз Јавното обвинителство и здравата логика на граѓаните, го потврдија фактот дека во РМ нема независни институции. Истрагата за сомневањата за сторен криминал не беа приоритет на надлежните институции, туку задача на провладините медиуми – рече Ременски.

Потпретседателката на СДСМ, рече дека ова прашање повеќе од една и пол година го мачи Јавното обвинителство за организиран криминал, кое во отсуство на волја од страна на МВР да се самоистражи, го одложува одлучувањето по кривичната пријава за, како што објасни, свесно и организирано изигрување на тендерската постапка на Министерството за образование и наука, преку давање лажни податоци за институцијата-апликант на владиниот оглас за опремување лабаратории за државните високообразовни институции и јавни научни установи, противзаконско искористување средства од буџетска ставка на МОН од страна на МВР, преку фингирана постапка за добивање опрема вредна повеќе од 3,2 милиони евра, за злоупотреба на службена положба и овластувања, противправно посредување, прикривање и за непријавување кривично дело.

– Го повикуваме Јавното обвинителство за организиран криминал да одолее на партиските притисоци и да постапи по кривичната пријава која ја разгледува повеќе од една и пол година. Ги повикуваме актерите од МВР и од МОН да се воздржат од притисоци и да не се затскриваат зад медиумски прилози во кои новинари ја „вештачат“ чесноста на нивните постапки – рече Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...