fbpx

Затворски казни до две и пол години за професори од Економски факултет Скопје

-

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беа изречени пресудите за четиримина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет при УКИМ, кои беа обвинети за примање мито од студентите за преодни оценки во судскиот процес „Еразмус“.

Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

Осудените добија и забрана за вршење дејност од 10 години.

„Имајќи ја предвид природата на кривичните дела кои на обвинетите им се ставаат на товар, улогата на обвинетите во образовниот процес, се отвара прашањето за општествената одговорност, свеста и обврската која сите ние ја имаме со цел заштита на угледот на сегашните и идни генерации академски граѓани, и на тој начин да изградиме здраво општество со јасни вредносни критериуми“, порача судечкиот совет денеска.

Обвинетите Шуклев и Ристески беа обвинети за примање примање награда за противзаконито влијание, Дебарлиев за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Денковски за давање поткуп.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) поднесе обвинителен акт против шест лица во декември 2016 година,за дела извршени во 2015 и 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НСЗР најавува штрајк доколку нема линеарно зголемување на платите

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници на денешната прес-конференција. Независниот синдикат при КСОМ најави протести за време на...