„Законот за масакр“ на кучиња скитници изгласан во Турција

Турските ветеринари го потенцираа фактот дека нема доволно засолништа за уличните кучиња, но законот кој се донесува според нив јасно кажува дека ова ќе претставува отворен пат за убивање на кучињата скитници

-

Турција го одобри „законот за масакр“ како што го нарекуваат активистите за правата на животните и опозициските пратеници. Според Законот за бездомни кучиња, ќе се преземаат нови мерки во отстранувањето на кучиња скитници од турските улици, известува „Еуроњуз“.

Љубителите на животните стравуваат дека ваквиот закон ќе доведе до убивање на голем број улични кучиња. Од Humane Society International соопштија дека му упатиле порака на загриженост на претседателот Ердоган поради „непотребно страдање и смрт на безброј животни и дека ваквото краткорочно решение нема да донесе долгорочно решение“.

Новата законска легислатива бара општините да собираат кучиња скитници и да ги сместуваат во засолништа каде што ќе бидат вакцинирани, стерилизирани пред да може да бидат посвоени.

Алармот на загриженост се подигна за кучињата кои страдаат од болка, или кои се смртно болни и претставуваат ризик по здравјето на луѓето. Овие кучиња според новиот закон ќе се евтанизираат, односно ќе бидат опиени со лекарства кои предизвикуваат лесна и безболна смрт. Освен што се бара од општините овој закон да се спроведе, не се обезбедува буџет со кој би можеле да се справат со овој проблем.

Според Владата, се проценува дека околу 4 милиони кучиња скитници шетаат по улиците и руралните области во Турција. Иако многумина од нив се безопасни, сè поголем број се собираат во глутници, кои понатаму напаѓаат луѓе.

Турските ветеринари го потенцираа фактот дека нема доволно засолништа за уличните кучиња, но законот кој се донесува според нив јасно кажува дека ова ќе претставува отворен пат за убивање на кучињата скитници.

Против донесувањето на законот многу од активистите излегоа на улиците во Истанбул под мотото „Вашиот закон за масакрот е само парче хартија за нас“. Луѓето беа јасни и гласни и испратија порака дека „ќе победи животот и солидарноста, а не омразата и непријателството“.

Љубителите на животни во главниот град Анкара, протестираа пред општинските канцеларии. Протести организирани од политички партии и групи за заштита на животните се одржаа и во градовите низ Европа, каде имаше предупредувања дека законот може да ги одврати туристите да ја посетат Турција.

Најголемата турска опозициска партија соопшти дека ќе побара од Врховниот суд да го отстрани законот, додека другите партии го обвинија неуспехот да се имплементираат претходните регулативи, кои бараа кучињата скитници да бидат фатени, стерилизирани, и потоа вратени таму каде што беа пронајдени, нешто што доведе до раст на популацијата на кучиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...