Заев, Османи и Бектеши во Букурешт попладнево ќе навиваат за македонските фудбалери

Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши со владиниот авион отпатуваа за Букурешт, каде попладнево ќе ја бодрат македонската машка фудбалска репрезентација, на првиот меч од Европското првенство.

Со почеток во 18 часот, нашата репрезентација ќе дебитира на европско фудбалско првенство со мечот против репрезентацијата на Австрија.

„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме.

Напред момци, цела држава навива за вас! 🇲🇰 ⚽ ❤️“, напиша Заев на официјалната Фејсбук страница.

Инаку, во Букурешт претходно пристигнаа голем број навивачи од земјава, за што фоторепортажа објави и романски „Дигиспор“.