fbpx

Заев: 2018 година може да биде година за паметење за Македонија

-

„Ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македонија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО“, рече меѓу другото премиерот Зоран Заев во интервјуто за магазинот „CorD“, кој се печати во Белград.

Заев на прашањето дали промените на Западен Балкан го прават фактор на стабилност во регионот или е се уште регион што продуцира кризи, нагласува дека Западен Балкан покажа дека може да има искрени, енергични и посветени политички раководства, кои сакаат, можат и знаат да проценат што е потребно за своите граѓани, но и пошироко, и се подготвени, без калкулации, да ги постават државите на вистинскиот пат.

„Ако некогаш Западен Балкан бил цврст во своите погледи кон заедничката индина, тоа е сега. И ова е многу важен момент. Ги препознавме потребите за меѓусебна поврзаност и соработка и и покажавме на Европа дека е цела, безбедна и стабилна само со целосна интеграција на сите држави што географски, историски, културно и припаѓаат. Сме фактор на стабилност на Европа, не на нестабилност, нема повеќе дилеми. За поздравување е што и Европа го препозна тоа и подаде раце кон Западен Балкан“, вели премиерот Заев во интервјуто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...