Облачно време со слаб локален дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно, со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 12 степени.