Времето денеска облачно со слаб дожд и со ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Во западните делови ќе има кратки сончеви периоди, а во јужните и во источните делови на земјава ќе има услови за слаби врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 15 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 15 степени.