fbpx

Во државата има само околу 50 онколози: Таравари најавува мораториум за одредени специјализации

Веројатно ќе треба да се направи мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност или да ги мотивираме докторите да специјализираат онкологија или патологија, изјави министерот за здравство

-

Mинистерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Клиниката за онкологија заедно со Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека приоритет засега ќе ѝ се даде на оваа клиника.

Тој рече дека располага со информација дека во државата нема повеќе од 50 онколози, но и патолози.

„Веројатно ќе треба да се направи мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност или да ги мотивираме докторите да специјализираат онкологија или патологија“, изјави министерот за здравство.

Следната недела Тараври ќе се сретне со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со цел да се направи притисок да се дозволат вработувања на медицински кадар, со акцент на Клиниката за онкологија и радиотерапија, оти ваквото функционирање, како што рече, е тешко за пациентите, но претешко е и за кадарот.

Идната недела ќе има нов состанок, за да се изготви специјален извештај и во Владата да се разговара за проблемите на Клиниката за онкологија, особено околу дефицитот на кадар.

Предмет на разговори ќе биде и тоа како да се активираат амбулантите во Тетово, ГОБ „8 Септември“ и во Битола.

И таму има одредени недостатоци на кадар, појасни министерот. Таравари истакна дека ќе инсистира да се дозволат вработувања, со цел да не се преоптоварува вработениот персонал.

„За жал, многу од кадрите си одат надвор, меѓутоа, ме известуваат дека имаме кадар што може веднаш да го активираме. И физичари и технолози и доктори и медицински сестри. Но, нормално, за овој кадар да биде како што треба, ќе требаат месеци и години. Но, мораме да почнеме. Не може ниту вака да ги оставиме. Има реперкусии по пациентите“, рече министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија испали проектили врз детска болница во Киев, нападнати повеќе градови низ земјата

Русија денеска изврши напад со десетици проектили врз повеќе градови низ Украина во кој загинаа најмалку 20 луѓе и беше погодена детска болница во Киев, соопштија официјални лица а...