fbpx

ВМРО-НП ја потсети ВМРО-ДПМНЕ на изборните ветувања

-

ВМРО-Народна партија ги повика локалната самоуправа во Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески да ја преиспитаат својата одлука за продажба на државното земјиште наменето за автобуска станица.

– ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања пред две години најавуваше изградба на современа автобуска станица и тоа со сопствени средства на локалната самоуправа или со приватно-јавно партнерство. Меѓутоа, сведоци сме дека владејачката партија го напушти овој концепт и примени класична распродажба на државно земјиште. Поради тоа ги прашуваме која е гаранцијата дека приватната фирма што ќе го купи земјиштето ќе изгради автобуска станица и дали еден ден, поради можна неликвидност, истата може да згасне, а со тоа Охрид да остане без автобуска станица. Од овие причини ја повикуваме локалната самоуправа и градоначалникот да ја напуштат оваа концепција и во овој случај да се примени приватно-јавно партнерство – велат од разгранокот на ВМРО-НП во Охрид.

Во меѓувреме, Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште и во реонот на селото Мешеишта, во општина Дебрца, сопственост на Република Македонија. Станува збор за три градежни парцели со големина од 2.186 квадратни метри, 2.437 квадратни метри и 2.644 квадратни метри, наменети за изградба на винарски визби.

Почетната цена изнесува 61 денар за еден квадратен метар, додека земјиштето ќе се отуѓува по пат на електронското јавно наддавање.

На почетокот на месецов беше продадено државно земјиште и во старото градско јадро на Охрид, под Плаошник и во непосредна близина на „Св. Јован – Канео“, што предизвика реакции во јавноста.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...