fbpx

Венко Филипче е нов лидер на СДСМ

Од Централната изборна комисија на партијата вечерва соопштија дека изборниот процес бил кредибилен и демократски, а гласањето се одвивало непречено и мирно

-

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Денешното гласање се спроведе во 77 избирачки места, а на списокот беа евидентирани над 23.000 партиски членови.

Покрај Филипче, кандидати за партиски лидер на СДСМ беа и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.

Вчера, пак, својата кандидатура ја повлече поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Повикот за избор на нов лидер беше објавен откако СДСМ доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори на 8 мај, кога освои вкупно 18 пратенички места.

Од Централната изборна комисија на партијата вечерва соопштија дека изборниот процес бил кредибилен и демократски, а гласањето се одвивало непречено и мирно.

Излезноста до 19 часот и 45 минути била 54 отсто, односно гласале вкупно 12.608 членови.

Претходно, Деспотовски најави приговори и обвини дека над 10.000 партиски членови кои се регистрирале да гласаат, не можеле да го сторат тоа.

Бајдевски, пак, по затворањето на избирачките места, реагираше на малата излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и „избрзаниот изборен процес“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови можности за младите: Летни претприемачки обуки „Зграпчи го летото“

Младите ова лето кај нас ќе имаат можност во периодот од 12 јули до 23 јули 2024 година да ги развијат своите вештини и способности со цел да може...