fbpx

Велешани вторпат побараа оставка од Никола Тодоров

-

Околу 200 велешани се собраа денеска во Младинскиот парк да го искажат својот револт кон министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на деветгодишната Тамара Димовска.

Граѓаните побараа оставка од Тодоров за смртта на малото девојче, но и за сите други проблеми во здравството.

Димче Велев, еден од организаторите на протестот, вели дека Тодоров е единствениот виновник за смртта на Тамара.

– Тодоров, оставка мора да дадеш. Ние како граѓани бараме лична одговорност од тебе затоа што Тамара почина поради Вашата изјава дека ќе ги покриете сите трошоци на операцијата. Има и многу други случаи за кои сте виновен. Дајте си оставка и оставете можност да се подобри ситуацијата во здравството. Сакаме да Ви кажеме дека без оглед на тоа што вршите притисоци, ние нема да попуштиме, ќе издржиме и ќе се избориме за она за што сме дојдени тука – рече Велев.

Огнен Јанески, еден од присутните на протестот, рече дека црвените картони покажуваат на колку ниско ниво е паднато здравството во Македонија и дека Тамара почина поради бирократските процедури.

– Јас имам една иницијатива која се надевам дека ќе биде поддржана. Да се направи посебен член во законот каде што се штитат правата на осигурениците, кој ќе се вика „Членот на Тамара“ и по кој ќе се штитат сите понатамошни случаи на деца кои заболеле од ретки болести или имаат итни здравствени проблеми кои мора да се решат. Така Тамара ќе остане запаметена, а ќе се спасат и животите на многу деца – рече Јанески.

 

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...