fbpx

Учениците од „11 Октомври“ од утре се враќаат на настава

-

Учениците од „11 Октомври“ од утре повторно ќе одат на училиште, откако Државниот санитарен инспекторат денеска констатираше дека нема пречки за прекин на наставата.

Како што информираше Ѓевѓеш Шаќири, директор на државниот санитарен инспекторат, попладнево инспектор од инспекторатот по примените записници и констатираната состојба, ја отстранил лентата со која беше запечатено училиштето.

Според анализите од Центарот за јавно здравје, водата за пиење во ОУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна. Примероците воздух земени од училниците се исправни и не се најдени концентрации поголеми од дозволените на поедини параметри, освен енормно зголемена температура во училниците каде биле децата, минимално зголемени концентрации на сулфур водород и на јаглерод моноксид кои можат, но не мора во одреден период да го нарушат здравјето на децата.

Препорачани се низа мерки што треба да се преземат во врска со хигиената во училиштето, кое деновиве е целосно дезинфицирано.

Општина Центар за утре има закажано седница на Советот со единствена точка на дневен ред, во врска со последните настани во ОУ „11 Октомври“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...