Тројката Хан-Орав-Бејли посредува меѓу лидерската четворка

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, им се придружи на еврокомесарот Јоханес Хан и на евроамбасадорот Аиво Орав, на лидерската средба во резиденцијата на евроамбасадорот на Водно.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, утринава од 9.45 часот се во резиденцијата на ЕУ, каде со посредништво на Хан се обидуваат да најдат излез од политичката криза.

По неколкучасовни разговори, на средбата пристигна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а еден час подоцна им се придружи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Засега не се откриваат детали од разговорите. Хан, наводно, пристигнал во Скопје со готово решение за политичката криза, а утринава беше соопштено дека лидерска средба можно е да не се одржи доколку еврокомесарот за проширување оцени дека нема шанса за напредок во преговорите.