fbpx

Трет ден по ред бројот на оздравени пациенти поголем од новозаболените со ковид-19

-

Министерството за здравство во изминатово деноноќие регистрирало 163 новозаболени лица со ковид-19, 230 оздравени пациенти и осуммина починати. Направени биле вкупно 1.794 тестирања, а најголем број од позитивните случаи се во Скопје – 87 и во Тетово – 16.

Од починатите пациенти, шест се од Скопје, еден од Дебар и еден пациент е од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во ГОБ „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61, 62 и 66 години. Во болницата во Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ е починат пациент од Дебар на 52 години.

Забележливо е дека податоците трет ден по ред покажуваат поголем број на оздравени пациенти од ковид-19, наспроти бројот на новозаболени лица. Од 230 оздравени, дури 126 лица се од Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.406, бројката на оздравени пациенти е 3.554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, едно дете позитивно и едно суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...