fbpx
Таг: злоупотреба на лични податоци

таг: злоупотреба на лични податоци

Вистиномер: Лажна Фејсбук страница на КАМ Маркет промовира лажна наградна игра

Вистинската страница на Фејсбук на КАМ има над 270 илјади лица што ја следат, наспроти лажната со над 5.000 луѓе. На официјалната Фејсбук страница има и линк до веб-сајтот на КАМ, адреси на маркетите со работно време, нема никаква наградна игра и никој никому не му бара лични податоци за наводна награда што ја добил, како што тоа се...

Охриѓанец од затвор успеал да подигне брз кредит на туѓо име, доби кривична пријава од МВР

Лице на 52-годишна возраст кое издржувало казна затвор во Казнено поправна установа во Штип успеало да измами сограѓанин и да подигне брз кредит на туѓо име. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (52) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. „Со намера да стекне со противправна имотна корист, преку...

АЗЛП ќе поднесе кривична пријава за споделувањето на податоците на заболените од Ковид-19 во Куманово

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) соопшти дека поднесува кривична пријава против непознат сторител поради објавувањето на списоците со лични податоци (име и презиме, матичен број и адреса) на лица со Ковид-19 од Куманово, кои интензивно се споделуваа на социјалните мрежи, а за што пишуваше „Порталб.мк“ и пренесе „Мета.мк“. Кривичната пријава е за злоупотреба на лични податоци од член...

Скандалозната „Кембриџ аналитика“ прогласи банкрот

Британската интернет-аналитичка компанија „Кембриџ аналитика“, којашто се најде во центарот на скандалот поради злоупотребата на личните податоци на над 80 милиони корисници на „Фејсбук“ во политички кампањи, соопшти дека прогласува банкрот. „Кембриџ аналитика“ има седиште во Велика Британија, а синоќа челниците на компанијата им соопштиле на вработените да ги вратат своите картички и компјутерите, затоа што компанијата престанува со работа. Првите...

Тинејџер направил профил на покојник на „Фејсбук“, па им пишувал на роднините

Тинејџер од Тетово влезе во полицискиот билтен бидејќи направил лажен профил на „Фејсбук“ со податоци од покојник, па потоа преку него им пишувал на роднини и на пријатели на починатото лице. СВР Тетово поднел известување за кривично дело злоупотреба на лични податоци против 15-годишникот, откако на 5 јули еден тетовец утврдил дека е направен лажен профил на неговиот покоен татко и...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...