fbpx
Таг: жива

таг: жива

Во ОХИС, покрај во погонот за електролиза, жива има и во малата депонија

Во малата депонија со линдан во ОХИС е најдена жива, која во минатото се користела во погонот за електролиза. Токсичниот метал бил откриен минатата година, во текот на чистењето на првата половина од депонијата. За опасноста која демне од живата складирана во ОХИС, но и од историското загадување на зградите, почвата и подземните води во околината се предупредува одамна....

Ќе се чистат локации загадени со жива, се почнува од ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе започне со изработка на Стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива. Активностите од документот практично ќе се применат во погоните со жива на поранешниот гигант ОХИС, како пилот-локација. Како што информира министерот Насер Нуредини, Канцеларијата за POPs ќе работи на Национален имплементационен план за редукција и елиминација на жива, на почеток...

Меѓу експлозијата во Бејрут и хемикалиите од ОХИС нема споредба, тврди професорот Стафилов

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на ОХИС, тврди професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ. Винил хлоридот, кој во ОХИС стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, но не на начин...

Разобличување на дезинформациите дека вакцините содржат состојки кои се штетни за човековото здравје

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

За чистење на живата од ОХИС ќе се бара помош од меѓународни фондови

Опасноста од загадување со жива, која доаѓа од погонот за електролиза во ОХИС ќе се решава со помош на меѓународни фондови. Северна Македонија на почетокот на годинава ја ратификуваше Минамата Конвенцијата за жива и како нејзина членка ќе има пристап до нови извори на финансирање, конкретно наменети за решавање на проблемите со жива. Се работи за исклучително токсичен метал,...

Освен линдан, во ОХИС има жива, пестициди, ПВЦ во прав и други отровни супстанци

На територијата на поранешната фабрика ОХИС со големина од еден хектар, освен илјадници тони канцероген линдан, складирани се и други отровни хемикалии на кои мора итно да им се најде чаре, велат за „Мета“, од неколку надлежни институции. Во ОХИС има жива, други пестициди, киселини и ПВЦ во прав, вели за „Мета“, Аднан Ќахил, кој до неодамна беше министер без...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...