fbpx
Таг: железница

таг: железница

Грчките земјоделци се закануваат и со блокада на преминот кај Дојран и на железницата

Грчкиот граничен премин Евзони останува затворен од блокадата на грчките земјоделци, кои со блокирање на граници и на автопатшта низ земјата реагираат против владината политика кон нив. Нема најава дека земјоделците ќе се повлечат деновиве од граничниот премин на македонско-грчката граница, кој е блокиран точно една недела. Напротив, земјоделците се закануваат дека доколку владата не одговори на барањето за суштински дијалог...

Блокадата кај Идомени го преполови профитот на грчката железница

Бегалската блокада на железничкиот премин кај Идомени на македонско-грчката граница драстично го преполови профитот на грчката железница „Треносе“. Како што пренесува весникот „Прото тема“, загубите од неколкумесечната блокада на железничката линија поради протестите на бегалците се 2,5 пати повисоки од профитот на железницата, кој годинава се очекува да биде нешто повеќе од 2 милиони евра. Според весникот, за 15 отсто...

Големи зборови и нула реализација се симбол на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Бетонските столбови од пругата кон Бугарија се сиот спомен на владеењето на СДСМ во Македонија, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека големите зборови и нула реализација се вистинскиот симбол на сè што СДСМ правел во државата - ветувал и ги лажел граѓаните. „Затоа СДСМ е непријатно изненаден кога се соочува со конкретни...

Штрајк на британските железничари

Стотина илјади патници кои секојдневно од Лондон патуваат со воз се соочуваат со првиот од вкупно петте најавени дена од штрајкот на железничарите, што е најголем прекин на возниот сообраќај во последните 50 години во Велика Британија. Синдикатот на железничарите бара кондуктерите повеќе да не мора да ги отвораат и затвораат врата на возовите. Најновиот прекин на железничкиот сообраќај на Лондон...

Лажна тревога во Милано, метрото повторно во функција

Подземната железница во Милано повторно почна да сообраќа, по краткиот прекин кој следуваше откако на станица во центарот на градот беше пронајден сомнителен пакет. Истрагата покажала дека пакетот не содржи експлозив, соопшти миланската служба за јавен превоз. Сообраќајот претходно беше целосно во прекин, а централната метро-станица беше евакуирана додека стручни лица за експлозив го прегледувале сомнителниот пакет, кој содржел батерија и...

Закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија

Повторно е закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија и Европа. Проблемот овојпат не е кај пристаништето, туку грчката железница. По завршувањето на штрајкот на вработените на железницата, приоритет е даден на потребите на пристаништето Пиреја, ставајќи ги во втор план клиентите на солунското пристаниште. Како што информираат извори од солунското пристаниште за „Мета“, веќе една недела нема возови...

Загриженост во Грција поради договорот на КОСКО со „Македонски железници“

Во Грција сè поголема е загриженоста дека постојаните штрајкови на грчката железница и блокадата на товарниот сообраќај скапо ќе ја чинат државата и договорите со странските клиенти за транспорт на стоки кон Европа. Одлуката на кинескиот гигант КОСКО, кој управува со пристаништето Пиреја, да се најде алтернативно решение за да се избегнат проблемите од штрајковите на грчката железница преку соработка...

Одложен тридневниот штрајк на грчката железница

Грчките железничари одлучија да го одложат најавениот тридневен штрајк, кој почна денеска. Штрајкот кој требаше да трае до среда на полноќ, ќе се одвива само денеска, а од утре ќе се нормализираат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државата. Одлуката за одложување на штрајкот ја донесоа двата синдикати на вработените во грчката железница по денешната средба со претставници на Фондот...

Нов штрајк на грчките железничари

Грција останува без возови до среда. Револтирани од одлуката за продажба на грчката железница на италијанската железница за 45 милиони евра, вработените одлучија да го продолжат штрајкот во патничкиот и во товарниот сообраќај. Поради штрајкот од денеска па сè до среда на полноќ нема да има ниту еден патнички воз во државата. Товарниот сообраќај исто така ќе биде повторно во...

Грчкиот фонд за приватизација ќе ја прифати италијанската понуда за грчката железница

Грчката железница за 45 милиони евра ќе биде продадена на италијанската државна железница. Според првичните неофицијални информации, грчкиот Фонд за приватизација кој денеска ја разгледуваше понудата на италијанската компанија, ја прифатил понудата од 45 милиони евра со што ќе почне процесот за приватизација на грчката железница. Со железницата досега стопанисуваше грчката државна компанија ОСЕ, преку која се одвиваше патничкиот и...

Штрајкот за товарниот железнички сообраќај во Грција продолжен до недела

Вработените во грчките железници одлучија дополнително да го продолжат штрајкот и прекинот на работата на железницата. Според новата одлуката на Федерацијата на вработени во грчката железница ОСЕ, штрајкот кој требаше да заврши денеска на полноќ е продолжен до 14 јули за патничкиот и до 17 јули за товарниот сообраќај. Грција со ова останува без патнички возови до петок наутро и...

КОСКО бара замена за грчката железница за товарен транспорт

Протестот на грчката железница целосно ги менува плановите за транспорт на стоките што доаѓаат на пристаништето Пиреја за кинескиот гигант КОСКО. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, за да не губи време, клиенти и пари, КОСКО спроведува план за справување со итни ситуации, кој подразбира замена на железничкиот транспорт со поводен и со камионски транспорт за сите контејнери што пристигнуваат на Пиреја. Половина...

Штрајкот на грчката железница продолжен до вторник

Вработените во грчката железница одлучија да го продолжат штрајкот и прекинот на работата до вторник. Гневни на одлуката да се продолжи со приватизацијата, вработените вчеравечер ненадејно ги откажаа сите возови низ Грција од денеска па сè до вторник. Железницата неделава штрајкуваше од понеделник до четврток, па со продолжувањето на штрајкот Грција останува без возови вкупно девет дена во екот на...

Грчката железница со неизвесна иднина

На последниот повик на тендерот за приватизација на грчката железница ОСЕ, кој заврши вчера попладне, се пријави само една компанија, односно Италијанската државна железница, додека на повикот за приватизација за компанијата „Роско“, која работи на одржување на железницата, немаше ниту една пријавена понуда. Ваквиот исход предизвика големо изненадување во Грција, каде се очекуваше понуда и од француската и од руската...

Официјално отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Најдолгиот и најдлабокиот железнички тунел во светот „Готард“, кој минува под Швајцарските алпи, денеска и официјално е пуштен во употреба. Тунелот е долг 57 километри. Изградбата траела речиси две децинии, чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а во неа биле ангажирани 2.400 работници. „Готард“ ќе ги поврзува северна и јужна Европа. Според швајцарските власти тунелот ќе биде револуција во европскиот товарен сообраќај....

Се реактивира железничката линија Солун-Скопје

Од денеска се враќа во функција железничката линија Солун-Скопје за патнички и товарни возови. Денес е предвидено од Солун да заминат два товарни возови, едниот од нив со товар на КОСКО кон централна Европа. Планот на грчката железница е до крајот на неделата сообраќајот целосно да се нормализира и да поминуваат седум од вообичаено деветте товарни возови кон Македонија...

Железничкиот сообраќај во Белгија сопрен поради штрајк

Штрајкот на вработените во белгиската Железница, парализираше голем дел од железничкиот сообраќај. Во јужниот дел од земјата возовите денеска не сообраќаат, додека на северот и во Брисел услугата на превозот е ограничена. Вработените протестираат поради можните измени во законските прописи за работно време, а синдикатите најавија официјален штрајк за во вторник. Истовреме штрајкот на песроналот во затворите, кој трае еден месец, продолжува...

Тужби и пратенички прашања за владата поради ситуацијата на Идомени

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, бара одговори од владата на Алексис Ципрас за затворената железничка линија Солун - Скопје поради бегалскиот камп кај Идомени. Пругата повеќе од 50 дена не функционира, со што целосно е блокиран патничкиот и товарниот превоз од Солун кон Западна Европа, што им носи големи финансиски загуби на грчките транспортери и извозници. Пратеникот Костас Караманлис, одговорен...

Нови инциденти на Идомени

Идомени денеска повторно се задуши во насилство и во солзавец. Во бегалскиот камп на македонско-грчката граница имаше нови инциденти откако изби тепачка меѓу група од 200 до 250 бегалци. Сè почнало со расправија меѓу две групи бегалци од различни националности. Кавгата брзо ескалирала во насилна физичка пресметка. Двете групи почнале меѓусебно да се напаѓаат со камења и со други предмети. За да се смири ситуацијата, интервенирала...

Грчката железница во минус поради бегалската криза

Бегалската криза ѝ задава голем финансиски удар на грчката железница. Веќе 10 дена железничката пруга кон Македонија не функционира, поради протестот на бегалците на пругата кај Идомени, поради што голем број комерцијални товарни возови чекаат и не можат да пренесат роба и стоки од Грција кон Европа. Ваквиот застој создава огромна финансиска штета за железницата која секако се соочува со...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...