fbpx

Грчките земјоделци се закануваат и со блокада на преминот кај Дојран и на железницата

-

Грчкиот граничен премин Евзони останува затворен од блокадата на грчките земјоделци, кои со блокирање на граници и на автопатшта низ земјата реагираат против владината политика кон нив.

Нема најава дека земјоделците ќе се повлечат деновиве од граничниот премин на македонско-грчката граница, кој е блокиран точно една недела. Напротив, земјоделците се закануваат дека доколку владата не одговори на барањето за суштински дијалог со нив за клучни промени, дека ќе го блокираат и граничниот премин кај Дојран.

„Очекуваме владата да одговори на нашето барање за суштински петдневен дијалог со учество на премиерот Алексис Ципрас. Ако не се однесуваат кон нас сериозно, ќе ги интензивираме нашите активности и ќе стигнеме и до царината на Дојран“, изјави Томас Карипидис, претседател на сојузот на земјоделци од општината Пеониа и член на комитетот на земјоделците штрајкувачи кои блокираат на Евзони.

Земјоделците бараат промени во три сектори и тоа цена на производство, осигурување и даноци.

Додека трае блокадата, влезот од Македонија во Грција се одвива главно преку преминот Дојран и тоа со тешкотии и со долги чекања за влез и излез од државата. Земјоделците се закануваат дека може да почнат и со ненадејни блокади на железничката линија кон Македонија кај Идомени, што дополнително ќе го отежни товарниот сообраќај од Грција кон Македонија и кон ЕУ.

Лани бегалците во кампот кај Идомени три месеци ја блокираа железничката линија, создавајќи огромни проблеми за грчките извозници и транспортери, за македонските и странските компании и клиенти кои пренесуваат стока преку солунското пристаниште и железничката линија Солун – Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...