fbpx

КОСКО бара замена за грчката железница за товарен транспорт

-

Протестот на грчката железница целосно ги менува плановите за транспорт на стоките што доаѓаат на пристаништето Пиреја за кинескиот гигант КОСКО. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, за да не губи време, клиенти и пари, КОСКО спроведува план за справување со итни ситуации, кој подразбира замена на железничкиот транспорт со поводен и со камионски транспорт за сите контејнери што пристигнуваат на Пиреја.

Половина од истоварените контејнери што треба да стигнат до Централна Европа се товарат на бродови и се пренесуваат од Пиреја до пристаништето во Копер, Словенија, од каде потоа се носат до крајните дестинации. Другата половина со камиони се носи до грчко-македонската граница кај Идомени, од каде ги презема македонската железница и така се пренесуваат до Централна Европа.

Проценките се дека ваквиот чекор на КОСКО создава нова голема финансиска штета за грчката железница, на која ѝ е од голема важност товарниот превоз кон Европа. Штрајкот на вработените кој трае веќе осум дена и ќе заврши в среда наутро е вториот голем удар за финансиите на железницата, која беше во огромни загуби поради тримесечната блокада од бегалците на линијата Солун – Скопје кај Идомени, што не само што ги наруши нејзините финансии, туку и сликата за Грција како доверлив железнички центар за товарен сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...