fbpx

Загриженост во Грција поради договорот на КОСКО со „Македонски железници“

-

Во Грција сè поголема е загриженоста дека постојаните штрајкови на грчката железница и блокадата на товарниот сообраќај скапо ќе ја чинат државата и договорите со странските клиенти за транспорт на стоки кон Европа. Одлуката на кинескиот гигант КОСКО, кој управува со пристаништето Пиреја, да се најде алтернативно решение за да се избегнат проблемите од штрајковите на грчката железница преку соработка со „Македонски железници“, со загриженост се следи во Грција.

Економскиот весник „Нафтемпорики“ пренесува дека КОСКО почнува нова соработка со ЈП „Македонски железници“ со план контејнерите со стоки да се пренесуваат од пристаништето Пиреја до македонската граница, а оттаму да бидат преземени со македонски возови и пренесени кон Европа. Оваа одлука во Грција создава стравувања дека КОСКО може да одлучи и целосно да ја прескокне соработката со грчката железница, што би значело загуба од 5 милиони евра годишно за грчката железница.

„Во текот на неделата, како што се вели во допис од канцеларијата за економски и трговски врски на грчката амбасада во БЈРМ испратен до грчкото министерство за надворешни работи, ќе има директен договор на националната железница на БЈРМ со КОСКО за железнички транспорт на стоки директно преку државата кон европски дестинации. Контејнерите ќе се пренесуваат со камиони од пристаништето Пиреја до границата со БЈРМ, каде ќе бидат преземени од вагони на компанијата“, пишува „Нафтемпорики“, додавајќи дека наскоро ќе се отвори и логистички центар на КОСКО во Македонија.

Товарниот железнички сообраќај во Грција годинава е претворен во кошмар. Поради протестот на бегалците кај Идомени, пругата кон Македонија беше блокирана три месеци, што предизвика огромна финансиска штета и за грчките извозници, странските клиенти и за грчката железница. Истото сценарио се повторува изминатиов месец поради штрајковите на вработените во железницата, кои реагираат против приватизацијата на компанијата и бараат потпишување колективни договори.

За проблемите со штрајковите, директно на грчкиот премиер Алексис Ципрас му се пожали првиот човек на КОСКО, Ху Лиронг, при посетата на грчкиот премиер на Кина. Лиронг при таа средба порача дека би сакале Грција да овозможи поповолна клима за работа и да гарантира дека ќе има помалку штрајкови. Против штрајковите веќе има реакции и до грчкото министерство за транспорт од голем број странски компании, кои ги користат грчките пристаништа и имаат големи проблеми поради блокадата на товарниот сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...