fbpx
Таг: Запорижја

таг: Запорижја

Украинско МНР: Русија е единствената држава во светот која се обидува да украде нуклеарна централа

Одговорните во Министерството за надворешни работи на Украина, денеска реагираа во врска со повторните руски провокации во централата во Запорижја. Оттаму велат дека единствен извор на закани за АЕЦ Запорижја биле и останале незаконските и злосторни дејствија на руските напаѓачи. „Русија е единствената држава-терорист во светот која не само што зазема, милитаризира и се обидува да украде нуклеарна централа, туку...

Напади со дронови и ракети во Украина, експлозии регистрирани близу атомска централа

Во текот на ноќта руските сили пуштиле повеќе борбени дронови „Шахид“ од територијата на Крим и од територијата на Русија, а украинското Воено воздухопловство соборило 21 од нив. Дроновите оперирале во јужните, источни и централните региони на Украина, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Дополнително, врз населени места во регионот Донецк руските сили истрелале осум ракети од системот С-300. Шест...

Резолуција на МААЕ: Нуклеарната централа Запорижја да биде вратена под контрола на Украина

Нуклеарната централа Запорижја веднаш да се врати под целосна контрола на Украина, се вели во резолуцијата одобрена на 67-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Информацијата ја пренесе украинската новинска агенција Укринформ, по објавата на Министерството за енергетика на Украина. „На 67-та Меѓународна конференција на МААЕ, 69 земји ја поддржаа резолуцијата за нуклеарна безбедност во Украина. Резолуцијата беше...

Жестоки напади изминатово деноноќие во Украина, повредени се цивили

Во текот на изминатите 24 часа, во Украина се случиле 30 вооружени судири меѓу руските агресорски сили и украинската одбрана. Непријателот извршил и повеќе воздушни напади, меѓу другото и со дронови, па има повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција Ukrinform.net. Украинското воено воздухопловство извршило девет воздушни напади врз руска жива сила, складови со муниција и воена опрема, а дополнително...

Украина: Русите поставија експлозивни направи на покривот на нуклеарната централа Запорижја

Украинските вооружени сили предупредија дека руските напаѓачи би можеле да подготват провокација во нуклеарната централа Запорижја. Според Укринформ, ова го објави на Фејсбук прес-службата на вооружените сили на Украина. „Вооружените сили на Украина официјално известуваат дека во блиска иднина би можела да се подготви провокација на територијата на нуклеарната централа Запорижја“, се вели во извештајот. Според оперативните податоци, во вторникот, на...

МНР на Украина: Минирањето на Запорижја е закана за нуклеарен инцидент

Минирањето и другите форми на милитаризација на нуклеарната централа Запорижја од страна на Русија, се непосредна закана од нуклеарен инцидент во најголемата нуклеарна централа во Европа, наведено е во соопштението испратено од Украинската амбасада во Скопје, во кое се пренесува реакцијата на Министерството за надворешни работи на Украина во врска со загрозувачката ситуација во Запорижја. „Според информациите на украинските разузнавачки...

Украинската армија почна офанзива против руските сили во регионот Запорижја

Украинските воени сили почнаа напади врз окупаторските руски сили во клучниот јужен регион Запорижја, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на руски функционери и воени блогери. Тие велат дека украински војници поддржани со тенкови, артилерија и дронови, втора вечер по ред, се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орихив. Високопоставен функционер во украинската одбрана тврди дека непријателот се наоѓа во состојба на активна...

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата....

Запорижја погоден од најголемиот ракетен напад од почетокот на агресијата, вклучена тревога низ цела Украина

Руските агресори во текот на изминатата ноќ повторно го нападнаа југоисточниот украински град Запорижја, извршувајќи го најголемиот ракетен напад од почетокот на инвазијата, пренесе Укринформ. Најмалку 17 проектили насочени кон објекти од енергетската инфраструктура биле пријавени во областа во текот на само еден час, а во моментов се проверуваат информации за штетите и жртвите. Изминатата ноќ руските сили го нападнаа и...

Руски проектили го погодија Харкив, Зеленски во посета на Обединетото Кралство

Руските агресори вчеравечер извршија ракетен напад врз украинскиот град Харкив, погодувајќи го централниот дел. Проектилите го погодија и градскиот „Централ парк“, информираше градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов на Телеграм, пренесе Укринформ. Нападите во североисточниот регион дојдоа откако шефот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов, во интервју за Ројтерс рече дека се очекува Кремљ да ги таргетира Харкив или Запорижја,...

Русија ја префрла нуклеарната електрана во Запорижја под нивна јурисдикција

Руските власти соопштија дека започнале со префрлање на најголемата нуклеарна електрана во Европа под јурисдикција на руската компанија „Росенергоатом“, пренесува Гардијан. Самата електрана и целокупниот персонал ќе бидат префрлени, откако овој енергетски капацитет беше окупиран пролетва од руската војска за време на воената агресија на Русија врз Украина. Украинските власти информираат дека вчера повторно била гранатирана електропреносната мрежа која ја...

Путин објави воена состојба во четирите „анектирани“ региони на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека потпишал закон со кој се прогласува воена состојба во четирите региони на Украина коишто официјална Москва ги анектираше, односно регионите Херсон, Запорижја, Донецк и Луханск. „Референдумите“ за отцепување од Украина на четирите региони организирани од руските сили и подоцнежната нивна анексија од Русија досега не ги признала ниту една држава, јави Си-Ен-Ен. Иако во моментот...

Уништен дел од Кримскиот мост кој ја поврзува Русија со окупираниот украински полуостров

Дел од Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со окупираниот полуостров Крим, е уништен и горат повеќе резервоари со гориво на мостот, објави украинската државна агенција Укринформ цитирајќи ги Воздухопловните сили на Украинската војска. „Утро на Кримскиот мост. Се запалија резервоари за гориво. Дел од мостот е уништен! Сè ќе биде Украина“, објавија украинските Воздухопловни сили на нивниот канал на...

МНР на Украина: Анектирањето на нуклеарката „Запорижја“ ги зголемува нуклеарните закани

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги потпишал законите за анектирање на четирите украински региони Луханск, Донецк, Запорижја и Херсон, односно нивно припојување на Руската федерација, но и посебен указ со кој нуклеарната електрана „Запорижја“ се прогласува за руски имот, Министерството за надворешни работи (МНР) на Украина предупреди дека станува збор за уште едно злосторство што уште повеќе...

Русите ги објавија „резултатите од референдумот“, новомобилизираните пристигнуваат во Украина

Руската пропаганда ги објави „резултатите од референдумот“ во окупираните четири региони на Украина, според кои 97 отсто од оние што гласале се определиле за „приклучување“ кон Русија, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинската телевизија „Ченел 24“. Според соопштените резултати, во самопрогласената „Донецка Народна Република“ 99,23 отсто гласале за спојување со Русија. Во „Луганска Народна Република“ 98,42...

Билансот на фронтот во Украина се смени, сега Украина си враќа територии

Големата контра-офанзија на украинските одбранбени сили по речиси шест и пол месеци инвазија од вооружените сили на Русија ги даде првите резултати, со враќање територии што беа под контрола на руските сили уште од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари годинава, јавија светските агенции. Сепак, руските сили возвратија жестоко. Според украинската новинска агенција, украинската армија за три дена...

Гранатирања околу нуклеарната електрана во Запорижја пред мисијата на ОН да почне со работа

Украинските власти ги обвинија руските сили дека утрово ја гранатирале договорената рута по која мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) требаше да се движи кон нуклеарната електрана во Запорижја. Како што јавува Укринформ, руските власти го гранатирале градот Енергодар, при што биле погодени станбени згради, продавница и градинки. Гардијан, пак, ги пренесува информациите на руското Министерство за одбрана...

Украински разузнавачи: Русите би можеле да предизвикаат голем пожар во нуклеарката „Запорижја“

Вооружените сили на Руската федерација складирале големи количества нафтени деривати во кругот на нуклеарната централа „Запорижја“, што сугерира дека би можеле да предизвикаат голем пожар, како провокација, известува Guildhall, пренесувајќи го Фејсбук-статусот на Олександр В. Даниљук, шеф на Центарот за одбранбени реформи и координатор на меѓуминистерската платформа на Украина за борба против хибридните закани, којашто функционира во рамките на...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...