fbpx

Билансот на фронтот во Украина се смени, сега Украина си враќа територии

-

Големата контра-офанзија на украинските одбранбени сили по речиси шест и пол месеци инвазија од вооружените сили на Русија ги даде првите резултати, со враќање територии што беа под контрола на руските сили уште од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари годинава, јавија светските агенции. Сепак, руските сили возвратија жестоко.

Според украинската новинска агенција, украинската армија за три дена продрела 50 километри во непријателска територија. Пренесувајќи ги инфомациите од Генералштабот на Вооружените сили на Украина, непријателот се насочил на преземање целосна контрола врз регионот Донец, оджувал контрола на регионот Херсон и на делови од Харкив, Запорижја и Миколаив. Постојано летале непријателски беспилотни воздухоплови, а непријателот постојано бил активен на доставата на потребното на своите сили.

Во големата контра-офанзива југоисточно од градот Харкив во правец на исток, кон регионот Донец, украинските сили повторно освоија неколу населени места во текот на викендот.

Изглеа оти Украина веќе постигнува „бавен, но значителен напредок“ против руските сили.

Според познатото, украинските вооружени сили се на неколку километри од градот Изјум, што е важен логистички јазол за руските сили.

Руските сили и во текот на ноќта продолжија со воздушни – артилериски и ракетни напади на градот Харкив и на некои области од регионот Харкив, при што во изминатите повеќе од 24 часа биле убиени четиримина и повредени 10 други лица.

Според Олех Сињехубов, шеф на Регионалната воена управа на Харкив, биле испалени ракети од повеќецевни ракетни лансери на градот Харкив и на регионот. Некои од проектилите се самоуништиле на територијата на руската федерација. Во Харкив избувнал пожар во трокатна управна зграда во населбата Салтивскиј, а една 53-годишна жена била повредена, пренесува „Укринформ“.

Биле гаѓани и областите Изиум, Харкив, Чухуив и Боходуив.

Гаѓанa билa и цивилна инфраструктура во над 23 населени места во регионот Запорижја, соопшти шефот на Регионалната воена управа на регионот Запорижја.

Според украинските вооружени сили, од 24 февруари, кога Русија ја почна инвазијата на Украина, одбранбените сили досега убиле 51.900 руски војници, од кои само вчера 650.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...