Русите ги објавија „резултатите од референдумот“, новомобилизираните пристигнуваат во Украина

-

Руската пропаганда ги објави „резултатите од референдумот“ во окупираните четири региони на Украина, според кои 97 отсто од оние што гласале се определиле за „приклучување“ кон Русија, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинската телевизија „Ченел 24“.

Според соопштените резултати, во самопрогласената „Донецка Народна Република“ 99,23 отсто гласале за спојување со Русија. Во „Луганска Народна Република“ 98,42 отсто гласале „за “, а во окупираните територии на регионот Запорижја (Запорожје, на руски), 93,11 отсто. Во окупираните територии на регионот Херсон, 93,11 отсто гласале за припојување кон Русија.

Путин можеби во петок да објави анексија на окупираните украински региони по квази-референдумите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека тоа што се одвивало на окупираните територии не може да се нарече ниту „имитација“ на референдуми.

„Однапред знаевме што ќе се испише наместо резултати. Ни разузнавачите не се потрудија посебно напорно. Договорените бројки за оваа фарса беа пласирани во медиумите. Русија не се обиде да со скрие тоа“, рече Зеленски.

Завчера регионалниот гувернер на Луханск, Серхиј Хајдај рече дека во референдумот организиран во подрачја каде руското оружје доминира, гласачките кутии се носеле од дом до дом, обезбедувани од припадници на безбедносни сили. Тој рече дека оние што не гласаат „правилно“, се чкртаат од списокот, а истото е и за оние што нема да се согласат да гласаат.

Во Украина 4-ти ден руски референдум за анексија и обиди на руските сили да ги задржат позициите

Инаку, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, во земјата веќе пристигнуваат новомобилизираните руски резервисти, а со нив и осуденици за кривични дела, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Русија минатата седмица почна делумна мобилизација на резервисти и оние со војничко и борбено искуство.

Според украинскиот генералштаб, руските воени сили и понатаму ги гранатираат украинските позиции долж линиите на контакт и ги продолжуваат своите напори за преземање целосна контрола врз регионот Донецк и задржување на освоените територии.

Според Посебната бригада за територијална одбрана на Запорижја, руските сили истрелале фосфорни гранати врз едно село во регионот. Фосфорната артилериска муниција е забранета со меѓународни конвенции, а при удар фосфорот гори со висока температура.

Во регионот Донецк вчера во руските напади пет цивили ги загубиле животите, а 10 се повредени.

Според Главното обвинителство на Украина, од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина на 24 февруари годинава, до утрово руските сили убиле 395 деца,а раниле 777.

Според украинскиот Генералштаб, од почетокот на инвазијата, украинските сили убиле 58.150 руски војници, од кои 400 само во текот на изминатиот ден.

 

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали во текот...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали...