fbpx
Таг: вработување

таг: вработување

Премиерот Груевски најави две нови странски инвестиции до крајот на овој месец

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека две нови странски инвестиции треба да се реализираат до крајот на овој месец. На почнувањето на градежните работи за продолжување и за изградба на булевар, Груевски рече дека двете нови фабрики ќе вработат најмалку 500 граѓани. - „Кап-кон“ ја отвора својата фабрика наскоро. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Тие се речиси готови и...

Отпуштените професионални војници најдоцна до февруари ќе се вратат на работа

Власта поднесе закон со кој ќе им се реши статусот на професионалните војници што по завршувањето на работниот ангажман во АРМ, не беа вработени. Како што е предвидено во законот, вработувањето на овие војници треба да заврши најдоцна до февруари идната година. - Во законот е предвидено вработувањето на овие 140 професионални војници да заврши најдоцна до крајот на февруари 2016 година....

СДСМ Битола: Власта вработува наставници со само четири наставни часа

За само четири наставни часа, власта во Битола дели вработувања на неопределно време во битолските училишта, обвини опозицијата во општинскиот Совет. Според Наташа Петровска, советник на СДСМ, училиштата се преполни со нововработени наставнци кои кусокот од часови го дополнуваат со таканаречни слободни активности. - Во нашите институции, беа доделувани решенија на неопределено работно време со само четири часа за предавање, а остатокот од...

Груевски: Владата донесе оперативен план за вработување на 13.500 лица

Владата пред десетина дена донела оперативен план за вработувања за 2016 година, кој, како што изјави денеска премиерот, Никола Груевски, опфаќа 13.500 лица, од кои 8.700 ќе бидат директни вработувања. „Оперативиот план е усвоен пред десетина дена и за негова реализација ќе бидат инвестирани 11,5 милиони евра. Тоа е план што ќе се спроведува преку Агенцијата за вработување“, изјави Груевски. Одговарајќи...

МВР: Почна обуката на 660 кандидати за полицајци

Денеска во Центарот за обука на кадри на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Идризово, почна едногодишната обука на 660 кадидати за полициски службеници, селектирани по огласот за прием на 600 полицајци што беше објавен на 10 јули годинава, соопшти МВР. На конкурсот за работно место полицаец, според МВР, биле пријавени околу 3.000 кандидати. „Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази...

Агенцијата за вработување ќе отвори дисперзирана канцеларија во Пласница

Агенцијата за вработување денеска ќе отвори дисперзирана канцеларија во селото Пласница. Отворањето нови простории, според АВРМ, е резултат на напорите за доближување на услугите на Агенцијата за невработените лица и за работодавците.

Нови 125 професионални војници вработени во АРМ

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска се одржа свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници на служба во Армијата на Македонија. Во обраќањето пред новите војници, Јолевски рече тие поминале ригорозен процес на селекција и докажале дека се најдобри меѓу најдобрите. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

„Коха“: Од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат Албанци

Процедурата за избор на кандидати кои ќе бидат вработени како полицајци во Министерството за внатрешни работи (МВР), е во финална фаза и за кратко време ќе се заокружи бројката од 600 лица што ќе ја облечат сината униформа, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Коха“. Според информациите на весникот, од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат од албанската...

МВР го зголемува бројот на полицајци за 6 проценти

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 600 полицајци. Како што се наведува во огласот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435, а другите во останатите градови во земјата. Според податоци кои „Блумберг“ ги објави во 2008 година, во Македонија имало 9.905 полицајци. Во 2014 година Иво Котевски изјавил дека имаме околу 8.500 полицијаци,...

Битолската болница почна со вработување на волонтерите

Преку 120 волонтери ангажирани во битолската клиничка болница од денеска, па во наредните неколку месеци, етапно ќе бидат вработени со решенија на неопределено време. Вработувањата ќе се реализираат во три фази, а денеска околу една третина од нив ќе ги потпишат решенијата, информираат од прес-службата на болницата. Како куриозитет, во битолската болница има волонтери кои се дел од персоналот речиси две...

Прилепчани масовно аплицираат за работа во „Гентерм“

Само на првиот ден од прелиминарните интервјуа за работници во американскиот гигант од автомобилската индустрија „Гентерм“, кој ќе отвори фабрика во Прилеп, повеќе од 600 прилепчани доставија апликации за работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Изборот на работниците се одвива преку поединечни интервјуа. Интервјуата на пријавените ги вршеа менаџери на „Гентерм“, кои своето претходно искуство го стекнале во кавадаречки „Дрекслмаер“....

Техничките професии обезбедуваат работно место и добра заработувачка

Недостигот од средно-стручен и квалификуван кадар претставува проблем со кој континуирано се соочуваат поголем дел од компаниите во Македонија, беше истакнато денска во Стопанската комора на Македонија. Во таа насока, последните две години активностите на комората беа насочени кон активно вклучување во организирањето обуки за преквалификација и за доквалификација на стручен кадар што ѝ е потребен на бизнис-заедницатa. - Во моментот,...

За седум години се вработиле 36.500 лица

Преку оперативните планови на активни програми и мерки за вработување на Владата, вработени се повеќе од 36.500 лица од 2007 година до денес. - За оваа година усвоивме нов оперативен план, во кој сега се вклучени и услугите на пазарот на трудот и со кој се очекуваат нови 8.200 вработувања. Со него, посебен акцент се става на младите невработени лица до...

Регионална конференција за вработување

Дводневна регионална конференција за вработување денеска почнува во Скопје, а главни теми ќе бидат создавањето работни места за поттикнување еднаквост и просперитет. На конференцијата, која е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), ќе учествуваат стотина креатори на политики и експерти од Југоисточна Европа и од Турција.

Бизнисмените од Гостивар ги слушнаа мерките за вработување

Владините мерки за намалување на невработеноста и за поддршка при вработување лица од официјалната евиденција, денеска беа претставени пред бизнисмените од гостиварскиот регион. Форумот го организираше Агенцијата за вработување во соработка со Министерството за транспорт и врски, Општина Гостивар и со УНДП. Во Гостивар голем дел од малите и средни претпријатија ги користат добивките од мерките за вработување. Работодавците велат...

Отворени денови на Агенцијата за вработување

Денеска во 10 часот невработените и работодавците од Демир Капија ќе можат да се запознаат со мерките за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Активностите на Агенцијата ќе продолжат во Гевгелија во 12 часот, а во Богданци мерките за вработување ќе бидат презентирани во 15 часот. На настаните ќе присуствува директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.

Седум предновогодишни вработувања во Народниот театар во Битола

Седум нови вработувањата пред Нова година ќе го освежат ансамблот на битолскиот народен театар. Двајца режисери, двајца драматурзи и исто толку актери, како и еден шивач се новоотворените работни места. Голем број кандидати за сите работни места деновиве се појавиле пред стручните комисии, особено за вработување актери. Вработувањата се одобрени од Министерството за култура, вели првиот човек на театарот во...

Саем за вработување во Куманово

Саем за вработување во Куманови ќе се оддржи в среда, 17 декември, со почеток во 10 часот и ќе биде отворен за посетители сè до 15 часот. Место на одржување е НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.  

Сакаме работа и плата според образованието

Повеќе од 70 фирми од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и воопшто од преспанско-пелагонскиот регион, денеска се претставија на Саемот за вработување во Битола. Холот на театарот беше претесен да ги собере сите што си ја бараа среќата за ново работно место. А ги имаше и оние, кои во поодминати години бараа работа на четири часа, само за да можат да заработат денар плус...

В четврток, Саем за вработување во Битола

В четврток, во Битола ќе се одржи Саем за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија. Повеќе од 70 компании од различна дејност ќе се претстават пред битолчани на 4 декември, од 11 до 14 часот, во просториите на битолскиот театар.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...