fbpx
Таг: војна

таг: војна

БРИКС – уште едно пропагандно оружје на Кремљ во војната со Украина

Со почетокот на војната во Украина, она што можеше да се забележи како дел од пропагандата, а со тоа и со пласирањето на дезинформации од страна на Москва, беше нагласеното инсистирање фокусот на меѓународната јавност да се сврти на БРИКС. Ова за Русија стана исклучително важно откако ги почувствува сите сериозни последици и ризици од економските и политичките санкции...

Фејсбук објава манипулира дека Украина е „топовско месо“ во војната со Русија

САД и западните сојузници во многу наврати покажале дека одлуките за иднината на Украина се во рацете на Украина и нејзините институции. Уште повеќе, многупати е повторена изреката „ништо за и околу Украина без Украина“ и тоа дури и од претседателот Џо Бајден. Ваквото однесување на САД покажува дека Украина не е „топовско месо“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Словачки пратеници не истураат вода врз украинското знаме оти им „дошло преку глава рекламирањето на Украина“

Со споделувањето на видео материјалот јавноста се доведува во заблуда дека настанот се случил неодамна, односно по инвазијата на Русија врз Украина и дека Словачка ѝ откажува поддршка на Украина. Видеото е снимено на 8 февруари годинава, пред да почне инвазијата и тоа за време на вжештена парламентарна сесија на која се дискутираше за договор за одбрана со САД....

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата на луѓето. Војна се води и на полето на дипломатијата, но она што за првпат...

Не е точно дека Русите објавиле уништување на 830 украински борбени возила за еден ден

Не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, што може да се види од извештајот на руското Министерство за одбрана објавен на 10 септември. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022...

ЕУ повикува на меѓународен трибунал за воените злосторства во Украина

Претседателството на Европската Унија повика за меѓународен трибунал за руската инвазија врз Украина. Повикот од Чешката Република каде во моментов се одвива претседавањето доаѓа по откривањето на стотици гробови во Изиум, град што скоро беше ослободен од страна на Украинските трупи. Според Би-би-си се смета дека повеќето од пронајдените мртви биле цивили, меѓу кои има и жени и деца. „Ние се залагаме...

Според украинскиот Генералштаб, Русите изгонети од 20 населени места во последниве 24 часа

Украинските одбранбени сили успеале во изминативе 24 часа да ги изгонат руските воени сили од повеќе од 20 населени места, пренесува украинската новинска агенција ukrinform.net повикувајќи се на Генералштабот на вооружените сили на Украина. Руските сили ги концентрираат своите напори на воспоставување контрола врз територија во регионот Донецк, задржувајќи ја контролата на територии што ги држат и одговарајќи на офанзивата...

Јанко Бачев споделува неверодостојна изјава на Фидел Кастро за следна војна во Европа

Лидерот на политичката партија Единствена Македoнија, Јанко Бачев, на својот Фејсбук профил сподели изјава која наводно ја кажал поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро. Но, иако Кастро никогаш не изјавил вакво нешто како што тврди Бачев, оваа објава е многу вирална со 180 споделувања и над 1.000 реакции, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Кажано пред...

Украински разузнавачи: Русите би можеле да предизвикаат голем пожар во нуклеарката „Запорижја“

Вооружените сили на Руската федерација складирале големи количества нафтени деривати во кругот на нуклеарната централа „Запорижја“, што сугерира дека би можеле да предизвикаат голем пожар, како провокација, известува Guildhall, пренесувајќи го Фејсбук-статусот на Олександр В. Даниљук, шеф на Центарот за одбранбени реформи и координатор на меѓуминистерската платформа на Украина за борба против хибридните закани, којашто функционира во рамките на...

Руски војник го раскажува искуството од инвазијата на Украина: Нѐ претворија во дивјаци

„Не гледам правдина во оваа војна. Не гледам вистина“, вели Павел Филатјев, руски војник бргу вратен од Украина во Москва поради здравствен проблем, во разговор со новинар на британскиот весник „Гардијан“. Павел Филатјев пред две седмици на својата страница на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ објави „бомба“ - своите сеќавања и ставови за инвазијата на Украина во документ од 141 страница....

Пендаровски за 21-годишнината од Охридскиот договор: Функционалната мултиетничка демократија ги зачува мирот и стабилноста

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека потпишувањето на овој договор спречи ескалација на оружениот конфликт во 2001 година овозможи изградба на „модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците“: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми...

Вистиномер: Регрутација и евиденција во воен регистар, не е исто

Жените во Украина  од 1 октомври 2022 година ќе бидат запишани во воениот регистар, но тоа не значи дека ќе бидат регрутирани – запишани во воениот рок, како што тврди постот. Запишувањето во регистарот не е еквивалентно на отслужување на воен рок. Исто така, при запишувањето во регистарот, според Законот на Украина за мобилизациска обука и мобилизација, ќе има ...

Во Украина не е постигнат мир, руската агресија продолжува и по 4 месеци

Не е точно дека Зеленски и Путин се договориле да се повлечат и дека е постигнат мир во Украина. Потребата за сензационализам во онлајн медиумите ги дезинформира читателите како руските војници да се повлекле од Украина и како војната да е завршена, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   „Добри вести за целиот свет, доаѓа мир – Зеленски и Путин...

По завземањето на Лисичанск, руските сили продолжуваат со напади за нов продор во Украина

Откако руските сили вчера го освоија градот Лисичанск и навлегоа во него, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека украинските вооружени сили ќе се вратат во градот благодарение на нивната тактика „и зголемувањето на дотурот на модерно оружје“, ситуацијата во Украина утрово е мачно вообичаена. Руските сили преземаат низа напади на повеќе места, а во борбените дејствија во изминатите 24...

Вистиномер: Нема никакви подготовки „за војна со Русија“

Во објавата никаде не се спомнуваше претседателот Стево Пендаровски, ниту, пак, беше цитирана негова изјава која може да го потврди насловот, во кој се вели дека С. Македонија се подготвува за војна со Русија. Oттаму, нејасно е зошто воопшто е ставена неговата фотографија. Но, во самиот напис немаше ништо што објаснуваше дека текстот, насловот и фотографијата не се вистинити....

Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување...

„Мир, солидарност и единство на човештвото“, порача претседателот на олимпиското движење, Томас Бах

Генералното 51. собрание на Европските олимписки комитети се одржува денес и утре во Скопје, а на собирот присуствува и првиот човек на олимпиското движење, претседателот на Меѓунариодниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах. Тој во своето обраќање потсети на главната мисија на Олимписките игри за единство на човештвото и народите. Во говорот се осврна и кон третирањето на воената ситуација во...

ОН: Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови

Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на руската инвазија. Оваа изјава ја соопшти Амин Авад, помошник генерален секретар и кризен координатор на Обединетите нации за Украина, пренесе Укринформ. „Семејствата и заедниците се нарушени и обеззкоренети. За нешто повеќе од три месеци, речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови, мнозинството...

Колумна на украинската амбасадорка: 100 дена од херојскиот отпор на Украина

Во нејзината колумна по повод 100 дена од руската агресија, амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук во колумна за „Цивил Медија“ се осврнува на состојбата во оваа земја:   Војната од големи размери на Русија против Украина, која започна ноќта на 24 февруари 2022 година, не само што му ја покажа на светот силната украинска нација, туку и ги отвори очите за...

Зеленски очекува повеќе оружје додека беснее битката за истокот на Украина

Украина очекува да добие повеќе оружје од сојузниците по новото американско ветување за помош, рече претседателот Володимир Зеленски, додека битката за истокот на Украина беснее 100 дена од руската инвазија, пренесе Ројтерс. Според Зеленски, руските сили сега окупираат околу 20 отсто од територијата на Украина. Војската на Руската Федерација се фокусира на индустрискиот регион Донбас, составен од Луганск и Доњецк,...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...