„Мир, солидарност и единство на човештвото“, порача претседателот на олимпиското движење, Томас Бах

Фото: Мета.мк

Генералното 51. собрание на Европските олимписки комитети се одржува денес и утре во Скопје, а на собирот присуствува и првиот човек на олимпиското движење, претседателот на Меѓунариодниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах.

Тој во своето обраќање потсети на главната мисија на Олимписките игри за единство на човештвото и народите. Во говорот се осврна и кон третирањето на воената ситуација во Украина во рамки на олимпиското движење и важноста овој конфликт да се третира на универзално ниво како останатите.

„И покрај тоа што дискутиравме со многу шефови на европските влади, има некои влади на кои можеби им треба потсетување на нашата мисија. Владата на Соединетите Американски Држави треба да ги реши проблемите што никогаш не била во можност да ги реши. Понекогаш дури може да се добие впечаток дека едната или другата влада што ги дава сите јавни совети и поддршка не е целосно свесна за сопствената одговорност или доследност или можеби само сака да го одвлече вниманието од ова. Затоа мораме да ги засонваме нашите постапки на цврсти принципи. Исто така мора да внимаваме да не се изложуваме на обвинувања за двојни стандарди, тврдења дека војната во Украина е третирана поинаку од другите војни и конфликти низ светот. Тоа не е фер кон Сирија, Јемен, Авганистан, Либија и за жал можам да набројам уште многу примери. Замислете како ќе нѐ доживуваат таму ако тука во Европа поставиме поинакви правила. Во нашата заедница сите сме еднакви и затоа секој погоден од војна го заслужува нашето внимание“, порача претседателот на ИОК.

Бах алармираше и за создавањето на новиот светски поредок со раздојувањето на различностите во економските и политичките системи и однесувањето, a и за улогата на ИОК во новиот систем.

„Ние мора да ја исполниме нашата мисија на обединување. Да го покажеме единството во целата наша различност. Не смееме да станеме жртва, напротив нашата мисија е да ги направиме Олимписките игри и олимпиското движење уште поважен симбол на единството на човештвото. Императив е да станеме обединети во нашите постапки и вредности. Ние, исто така денес сме тука собрани за да погледнеме во посветлата иднина, во ИОК со нетрпение очекуваме да имаме две Олимписки игри во следните три ипол години“, рече претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет.

За олимписките игри што треба да се одржат во Париз во 2024 година Бах рече дека се почетокот на „Новата Европа“ бидејќи тие ќе се инклузивни, младешки, родово избалансирани и одржливи.

„Главниот фокус на претстојните олимписки игри и на оние во Милано во 2026 година ќе биде ставен на одржливоста и изводливоста и на тој начин ќе се справиме со големиот предизвик со кој сите се соочуваме – климатските промени“, посочи Бах.

Бах рече дека е огромен успех што претходните зимски олипмиски игри во Пекинг што беа пренесувани онлајн достигнаа гледаност од над 3 милијарда прегледи и тоа ги направи најгледаните олимписки игри на сите времиња.

„Тоа покажува колку светот копнее по нашата спортска извонредност, мир, конкуренција и солидарност. Од овие Олимписки игри имавме ехо како одговор како никогаш досега. Од сите сфери на општествениот сектор, од генералниот секретар на Обединетите нации, до бројни шефови на државни делегации, научници, добивме разни пораки и цртежи од деца шитрум светот. Значи, може да се види дека светот е инспириран од нашето ново олимписко мото и пораката за мир и солидарност не ги допира само нашите, туку срцата на луѓето од целито свет“, рече за крај првиот човек на ИОК.