fbpx

Вистиномер: Нема никакви подготовки „за војна со Русија“

-

Во објавата никаде не се спомнуваше претседателот Стево Пендаровски, ниту, пак, беше цитирана негова изјава која може да го потврди насловот, во кој се вели дека С. Македонија се подготвува за војна со Русија. Oттаму, нејасно е зошто воопшто е ставена неговата фотографија. Но, во самиот напис немаше ништо што објаснуваше дека текстот, насловот и фотографијата не се вистинити. Ова претставува манипулација на читателската јавност, а особено на корисниците на социјалните мрежи кои поверувале дека Пендаровски изјавил вакво нешто, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На Фејсбук страница наречена Бојкотирам – Bojkotiram споделен е исечок од медиумски напис кој тврди дека претседателот на државата Стево Пендаровски дал изјава во која тој навестува дека С. Македонија се подготвува за војна со Русија. Ова не е точно.

Во постот се вели:

Ало има ли некој да го запре лудаков на чело на државата? Тој со цел памет се подготвува за војна со Русија!!!

На објавата споделен е принтскрин кој прикажува заокружен наслов од медиумска објава, а под насловот има фотографија од претседателот на државата Стево Пендаровски. Насловот на текстот гласи: Русија мора да биде запрена наредив АРМ да биде во полна борбена готовност.

Kога ќе се погледне овој исечок, вклучително со фотографијата, се доаѓа до заклучок дека  Пендаровски дал ваква изјава. Но, тоа не е точно. Тој никогаш нема кажано вакво, нешто ниту пак има видео кое што го потврдува она што го пишува во насловот.

Овој напис беше објавен (и веднаш потоа избришан) на порталот tvvesti, но принтскринот од текстот продолжи да се шири на социјалните мрежи.

Во објавата никаде не се спомнуваше претседателот Стево Пендаровски, ниту, пак, беше цитирана негова изјава која што може да го потврди насловот, па оттаму нејасно беше зошто воопшто е ставена неговата фотографија.

Текстот беше објавен на 9 јуни, а единствениот говор на Пендаровски на тој датум беше за време на обраќањето на промоцијата на Рамката за развој МКД 2030. Во тој негов говор тој воопшто не ја спомнува Русија, војната во Украина, ниту, пак, Армијата на нашата држава.

Во написот пишуваше дека македонскиот државен врв донел одлука да се покрене борбената готовност на Македонската армија поради жестоките напади на Руската армија во Украина. Притоа се тврдеше дека покревањето на нашата армија може да се погледне во видео кое беше линкувано во текстот. Кога ќе се кликнеше на линкот, се отвораше видео од скеч на К-15 насловен „АРМ во полна борбена готовност“.

Ова значи дека целиот текст очигледно бил измислен и можеби имал намера да биде сатиричен. Но, во самиот напис немаше ништо што објаснуваше дека текстот, насловот и фотографијата не се вистинити. Ова претставува манипулација на читателската јавност, а особено на корисниците на социјалните мрежи кои поверувале дека Пендаровски изјавил вакво нешто. Кога станува збор за објавување на сатирична содржина тоа треба да биде јасно и видливо нагласено. Со објавување текстови кои имаат сатирична содржина без тоа да се нагласи, се создава впечаток дека тие се вистинити, со што се врши манипулација врз јавноста.

Таква е објавата која предмет на оваа рецензија. Тој што го споделил овој исечок очигледно поверувал дека Пендаровски навистина изјавил дека С. Македонија се подготвува за војна со Русија, па затоа и напишал критична објава која што има и навредлива конотација.

Дека јавноста е измамена и поверувала во оваа невистинитост говорат и големиот број на споделувања и коментари на самата објава. Сите 160 коментари напишани до сега, се во насока на критика кон Пендаровски дека дал ваква изјава. Објавата е многу вирална со речиси 600 реакции и 37 споделувања.

Овде, овде и овде може да се видат објави кои го споделиле истиот исечок и за неполни 24 часа тие објави имале стотици и стотици коментари и споделувања од измамени корисници на социјалните мрежи. Коментарите се полни со навреди, омалуважувања и говор на омраза кон Пендаровски за нешто што воопшто не го кажал и кое е измислено.

При рецензирањето на содржини споделени на социјалната мрежа Фејсбук, Вистиномер нема обврска да ја испитува нивната позадина, како што тоа го направивме овде, објаснувајќи го потеклото на споделениот принтскрин, сакајќи да објасниме од каде доаѓа и какви се злоупотреби на вистината се извршени и пред исечениот извадок да биде споделен, како и со самото негово споделување. Нашата обврска е да ја провериме вистиноста на споделените содржини онакви какви што се и во контекстот во кој се споделени. А, нашето истражување покажува дека Пендаровски никаде не рекол дека Русија мора да биде запрена, ниту, пак, дека е издадена наредба АРМ да биде во полна борбена готовност, како ни дека станува збор за било какво подготвување за војна со Русија, ниту од страна на Пендаровски, ниту од страна на било кого друг.

Оваа тенденциозно измислена и невистинита изјава претставува дискредитација на претседателот на државата и манипулација со јавноста. Затоа, пред инстантно да се поверува во било што објавено на Фејсбук, треба да се провери од неколку извори дали е тоа вистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...