fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче: Цигарите се причина за 12% од смртните случаи кај срцевите заболувања

Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе од срцев и мозочен удар, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по повод 31 мај - Светскиот ден без тутун. Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството...

Министерство за здравство преку комитет ќе се бори против смртноста на новороденчињата

Во Министерството за здравство вчера се одржала конститутивна седница на новиот состав на Комитетот за безбедно мајчинство, информираат од институцијата. Нов претседател на комитетот е доц. д-р Ана Данева Маркова од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Една од првите задачи на овој комитет ќе биде изготвување на анализа на актуелната ситуација во оваа област и подготовка на акционен план....

Гинекологија ќе добие аванс од ФЗОМ за да ја одблокира сметката

Проблемот со блокираната сметка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје е решен и клиниката ќе добие аванс за да ја одблокира сметката, објави претпладнево министерот за здравство Венко Филипче. Тој тврди дека работењето на ГАК не е загрозено и дека ќе има плати за вработените. Клиниката ќе добие пари во форма на аванс од Фондот за...

Филипче: Намалени се максималните цени на 336 генерички лекови

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека намалени се максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 оригинаторни лекови, односно таканаречени иновативни лекови. Тој додаде дека согласно Законот за лекови и медицински средства и методологијата за начинот на утврдување на цените на лековите, Министерството за здравство спроведе годишна ревизија на цените на сите лекови, кои се издаваат на рецепт. - Намалувањето на...

Двајцата повредени војници се во стабилна состојба

Двајцата повредени војници се со прострелни рани и повреди на левата натколеница, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, по нивната посета на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар. - Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови...

Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци, потребни се околу седум години

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци во близина на Психијатриската болница, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Парцелата на која што ќе се гради новиот објект изнесува 84 хектари и е трипати поголема од местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар. Првичните анализи покажуваат дека инвестицијата ќе чини 420 милиони евра. - Очекуваме дека за две години,...

Филипче: Промени во Законот за абортус за да нема ризик по здравјето на жените

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со претставничките на женските организации, најави промени во Законот за абортус. Според Филипче, со промените кои беа направени пред неколку години, процедурата за абортус многу се усложнила, се вовеле многу административни процедури и додаде дека дел од нив траат толку долго што може и да го загрозат здравјето на жената. - Сакаме да...

Филипче презентираше мерки за намалување на смртноста на доенчињата и родилките

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска презентираше мерки за намалување на смртноста на доенчињата и родилките. Мерките, како што кажа, се подготвени во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и имаат за цел, да се подобри целокупната грижа за мајките и нивните бебиња додека се во болница. Тој потенцираше дека според Светската здравствена организација, смртноста на родилките е...

При крај е Стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата, рече Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска имаше работна средба со раководителите на здравствените институции во Охрид. Целта на посетата, рече тој, е да се запознае со работата на здравствените установи, преку разговор со нивните менаџерски тимови за проблемите во работењето и начините за нивно надминување. – Во болницата „Свети Еразмо“ разговаравме за текот на реконструкцијата на објектот, како ќе продолжат...

Шилегов подари 20.000 денари на првото бебе родено во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2018 година. Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е Теодора, која се родила една минута по полноќ, со тежина од 3,7 килограми...

Филипче: Исплатата на зголемениот додаток за дежурства треба да почне во април

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со државниот секретар во Министерството, Влатко Милошев денеска беа во посета на штипската болница, каде направија увид во изградбата на новиот објект на болницата. Како што изјави Филипче, новиот објект треба да биде завршен и опремен во текот на следната година, а ќе биде пуштен во употреба во 2019 година. Тој изјави дека исплатата...

Филипче изврши увид во градежните работи на новото крило на струмичката болница

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја посети Општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа Јавна здравствена установа, соопштија од Министерството за здравство. Новото болничко крило, како што се наведува во соопштението, се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен ургентен центар и уште осум болнички...

Филипче: Ќе правиме реформи за никогаш повеќе да нема здравствени кризи

Ќе направиме се, па и измени на законската регулатива за никогаш повеќе да не се повтори криза како оваа со инсулинот и сите лекови во иднина да се набавуваат дури и предвреме. Ќе направиме и целосна надградба на електронскиот систем во здравството за тој да ги опфати сите институции и да ја олесни работата и да ни овозможи многу...

Собранието ги именуваше Филипче и Ахмедовски за нови министри

Со 62 глас „за“, еден „воздржан“ и ниту еден против, Собранието денеска ги прифати предлозите на Владата и го именуваше Венко Филипче за нов министер за здравство, а Аксел Ахмедовски за министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Неврохирургот Филипче доаѓа на местото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците...

Заев: Предлогот на Села за министер за здравство беше неприфатлив

Премиерот Зоран Заев синоќа во интервју во емисијата „Ноќно студио“ изјави дека предлозите за испразнетите министерски места и заменик министер се испратени до Собранието на Република Македонија и дека предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив. Владата како до Собранието го испрати името на Венко Филипче како предлог за министер за здравство. Заев рече дека Алијансата...

Филипче е официјален кандидат за министер за здравство, потврди Бошњаковски

Венко Филипче е дефинитивно кандидатот за министер за здравство, а имињата на другите кандидати за нови министри се уште не се утврдени, бидејќи се чека останатите коалициски партнери во Владата да ги достават нивните предлози за останатите испразнети места во владиниот состав, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Владиниот портпарол исто така не кажа каква ќе биде...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...