вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: центар за граѓански комуникации | 49 резултати

Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

8 март 2021

За данок на имот од граѓаните и од фирмите, сите општини во државава заедно, годишно во просек наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 отсто, додека од правните лица, односно […]

Порталб: Тетово најголем должник меѓу општините, за три месеци долгот зголемен за 1,4 милиони евра [инфографик]

15 јануари 2021

Едно од предизборните ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше токму намалувањето на општинскиот долг. Сепак, долгот, не само што не се намали, туку оваа општина веќе важи за најголем „должник“ од вкупно 80 општини во земјава, а за само три месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за 1,4 милиони евра, пишува Порталб.мк. Иако […]

ЦГК: Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно

13 јануари 2021

Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1.319-те општински советници и претседатели на совети на општините изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната […]

За корупциски скандали институциите молчат, кријат документи или одговараат парцијално

14 декември 2020

Неможноста новинарите да имаат брз пристап до информациите од јавен карактер беше клучна забелешка на европскиот експерт Рајнхард Прибе, кој уште во 2015 година во рамките на итните приоритетни реформи во сферата на медиумите побара властите да ги адресираат главните пречки со кои се соочуваат новинарите при добивањето јавни информации. Во таа смисла тој побара […]

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

6 октомври 2020

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во […]

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

23 септември 2020

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – […]

Државните институции набавиле 392 нови автомобили, за што потрошиле 8,1 милиони евра

2 септември 2020

Државните институции набавиле 392 нови патнички возила, за што потрошиле 8,1 милиони евра во последните две и пол години, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. „Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади […]

Центар за граѓански комуникации: 48 отсто од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки

5 август 2020

Најниската цена и натаму е проблем број еден за компаниите, а дури 48 отсто од нив  сметаат дека има корупција во јавните набавки. Тоа го покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански коминикации (ЦГК) од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2019 година, како и добиените резултати од анкетата на фирмите за нивното искуство […]

Општина Тетово во 2019 г потрошила трипати повеќе за јавни набавки отколку претходната 2018 г

25 јуни 2020

Три пати повеќе пари за јавни набавки потрошила Општина Тетово лани во однос на претходната година, а во 2019 ја имала и најголемата јавна набавка во годината. Општина Тетово лани потрошила повеќе од една третина од вкупната сума што Полошкиот регион ја издвоил за сите јавни набавки, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации, чија […]

ЦГК: Град Скопје лани склучил најмногу тендери со најголема вредност од 21 милион евра

23 јуни 2020

Општините и Градот Скопје во 2019 година склучиле 3.686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра, односно за 33,8 отсто, покажува  Базата на податоци за јавни набавки на општините […]

Полошкиот регион претпоследен по транспарентност со полош резултат од минатата година

22 јуни 2020

Со намалена активна транспарентност од еден процентен поен, Полошкиот регион е претпоследен од осумте плански региони и еден од двата со полоши резултати од лани, покажува Индексот на активна транспарентност за 2020 година, што го објави Центарот за граѓански комуникации. Годинава активната транспарентност, односно објавување информации по сопствена иницијатива, на сите 98 вклучени институции (министерствата, […]

ЦГК: Институциите минимално ја подобриле транспарентноста оваа година

19 јуни 2020

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максималните 100) и […]

На институциите им требаат 25 дена за одговор на барањата за слободен пристап до информации

19 јуни 2020

Најголем дел од институциите во земјава не го почитуваат законскиот рок од 20 дена за одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува „Индексот на активна транспарентност 2020“ на Центарот за граѓански комуникации. За потребите на овој извештај, од Центарот за граѓански комуникации во ист ден испратиле идентично прашање во форма […]

Јавните пари во корона кризата мора да се трошат транспарентно

22 мај 2020

Многу држави мобилизираат огромни суми во своите кризни фондови со цел справување со кризата, а на јавноста, граѓанското општество и медиумите мора да им биде обезбедена слобода во набљудувањето и евалуацијата на тоа како се трошат јавните ресурси. Како што соопшти „Транспаренси Интернешнл – Македонија“, UNCAC Коалицијата ги повикува владите да обезбедат висок степен на […]

ЦГК: Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари

20 мај 2020

Седумдесет и еден процент од вредноста на склучените договори за итни јавни набавки, поврзани со заштита од корона вирусот, отпаѓаат само на 5 фирми, а во најголем број на случаи институциите правеле договори само со една фирма. Вкупната вредност на директните 142 договора изнесува над 3,2 милиони евра, покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански […]

Итните набавки поврзани со корона вирусот носат ризици од корупција

6 април 2020

Центарот за граѓански комуникации, ЦГК, оценува дека вонредната состојба со корона вирусот, општиот недостиг на неопходните производи и брзината со која се спроведуваат набавките, го зголемуваат ризикот од корупција при примената на оваа, и онака нетранспарентна постапка за јавна набавка. „Добавувачите, знаејќи дека институциите се во тесно и немаат голем избор, можат да го искористат […]

Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен

30 декември 2019

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година била влошена во однос на претходните две години. Во дури 35 отсто од мониторираните тендери за јавни набавки е регистрирано дека пристигнала само една понуда, покажува најновиот извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот јануари – јуни 2019 година на Центарот […]

Приходите на МРТ во континуиран пад – лани помали за 26 отсто во споредба со 2015 (инфографик)

20 декември 2019

Македонската радиотелевизија (МРТ) бележи континуиран пад на вкупните приходи од работењето во изминативе четири години. Финансиската анализа за националниот радиодифузен сервис покажува дека вкупните приходи во 2018 година изнесувале 15,4 милиони евра, што е за 26 отсто помалку во споредба со 2015 година. Како што покажува анализата „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ на […]

Половина од општините не објавуваат редовно информации за јавните набавки (инфографик)

26 јули 2019

Само една од пет општини, поточно нецели 20 отсто, на своите интернет страници тековно ги објавуваат огласите за јавни набавки, покажа прегледот што Новинската агенција „Мета.мк“ деновиве го направи на страниците на 80 општини и Градот Скопје. Скоро половина од општините или 48% немаат објавено никакви податоци за јавните набавки или постоечките им се застарени. […]

Јавните набавки оневозможуваат конкуренција меѓу фирмите и се прават нетранспарентно

22 мај 2019

Во втората половина на 2018 година, имало неколку сериозни проблеми со јавните набавки во земјава, анализира Центар за граѓански комуникации (ЦГЦ). Во нивниот 31. извештај за редовниот мониторинг на јавните набавки, се вели дека зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се […]

Страна 2 од 3