fbpx

Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен

-

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година била влошена во однос на претходните две години. Во дури 35 отсто од мониторираните тендери за јавни набавки е регистрирано дека пристигнала само една понуда, покажува најновиот извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот јануари – јуни 2019 година на Центарот за граѓански комуникации. Просечниот број на пристигнати понуди кај мониторираниот примерок на тендери изнесувал 2,74.

„Секој четврти тендер (25,8 отсто) е целосно или делумно поништен. Покрај вообичаените законски основи за поништување, додадена е и можноста тендерот да се поништи според инструкција од Бирото за јавни набавки, а по спроведена управна контрола“, се наведува во соопштението на Центарот за граѓански комуникации.

Во извештајот се наведува дека институциите најчесто не ја наведуваат проценетата вредност на тендерот во распишаните огласи, што е во согласност со законот, но симптоматично за истражувачите е што во многу случаи понудените цени се симптоматично блиску до проценетата вредност на набавката, чиј износ самите понудувачи не можеле да ја видат во тендерската документација.

Во првото полугодие од 2019 година, преку нетранспарентна постапка со преговарање без објавување оглас, склучени се договори во вредност од 9,6 милиони евра, што е за 11 отсто помалку од истиот период лани, констатираат од Центарот за граѓански комуникации.

Во најновиот извештај од редовниот мониторинг се посочува дека институциите на локално ниво спроведуваат тендери како воопшто да го нема и да не важи новиот Закон за јавните набавки.

„Се забележуваат бројни недостатоци кај локалните тендери, најниската цена и натаму е основен критериум, а е – аукцијата е присутна кај дури 70 отсто од тендерите иако, кога беа задолжителни, и двете беа критикувани како главни причини за проблемите во јавните набавки. Поништувањето на тендерите не стивнува, а конкуренцијата опаѓа“, се наведува во извештајот.

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...