fbpx

ЦГК: Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари

-

Седумдесет и еден процент од вредноста на склучените договори за итни јавни набавки, поврзани со заштита од корона вирусот, отпаѓаат само на 5 фирми, а во најголем број на случаи институциите правеле договори само со една фирма. Вкупната вредност на директните 142 договора изнесува над 3,2 милиони евра, покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации.

Според Извештајот, во период на корона кризата, најголеми разлики во цени се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари за парче, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за едно парче, се посочува во анализата на Ценарот.

За повеќе од половина од склучените договори или кај 59 отсто, институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето, а во секој втор склучен договор за итни јавни набавки, се преговарало само со еден понудувач.

При тоа, најголема вредност на склучените договори има МВР, шест договори во вкупна вредност од 1,9 милиони евра, што е дури 59 отсто од вкупната вредност на договорите на сите останати институции. Тоа се договори за набавка на маски, ракавици, очила, комбинезони и средства за дезинфекција. Второ, според вредноста на договорите, е Министерството за здравство, со 14 договори во вредност од 321.081 евро за монтажни контејнери, реагенси, потрошен материјал, дезинфекциски средства и заштитна лична опрема.

Покрај 142 договора, објавени биле и уште 51 одлука за избор на најповолен понудувач, во вкупна вредност од 701.230 евра.

Поради вонредната состојба со корона вирусот се наметна потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата. Според ЦГК, поради тоа, овие набавки, во согласност со Законот за јавни набавки, се спроведуваат со директно преговарање со фирмите, односно преку постапка со преговарање, без објавување оглас и на институциите не им е потребно претходно мислење од Бирото за јавни набавки.

„Три други прашања особено се наметнуваат во услови на итни набавки. Првото е дали цените по коишто се набавуваат производите се разумни и според пазарните услови, бидејќи во вакви услови постои зголемен ризик тие да бидат неразумно високи. Второ, дали се почитува рокот на испораката на набавените стоки, услуги и работи, бидејќи навременоста на испораката е клучен фактор во услови на криза, а и причина за итната набавка. Трето, дали секој договорен орган детално ја образложил причината за набавката со сите елементи – вид, количина, квалитет и рок, како што тоа го бара законот“, се прашува во Извештајот на ЦГК.

Пет фирми со најголема вредност на договори поврзани со коронавирусот

Бр.

Фирма

Број на договори

Вкупна вредност во евра

1

ГИФТИ ТЕКС увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп

2

1.138.192

2

БИОТЕК ДОО експорт-импорт Скопје

1

657.423

3

АЛКАЛОИД АД Скопје

14

247.355

4

БРАКО ДОО увоз-извоз Велес

1

142.114

5

ЕУРО – ФАРМ увоз-извоз ДООЕЛ Битола

12

121.946

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...